Јас моето дете го праќам да оди во училиште за да научи тоа што треба, а не да јаде ќотеќ!
Дали моето дете ќе биде таму мирно послушно, ќе учи, се зависи од наставникот, од неговата способност, од неговиот изглед, од односот што ке го постави со учениците, треба да биде добар педагог, психолог а и пријател.
Не се сложувам родителите да плаќаат казни за лошото однесување на децата, затоа постојат овие образовни институции.
Во средно имав професор по математика, страв и трепет беше...на негов час мува не се слушаше, не се памти некој да избегал ...едноставно човекот имаше стравопочитување од сите ...добивме добро знаење од него, никогаш не дозволуваше ако некој ученик неможе да сфати некоја задача да му стави кец и да го батали, туку ке му кажеше после часови да останат тие што не сфатиле.
Имавме професори со кои се исмејувавме, но тие самите си беа виновни.