Насилства во Македонија

Веројатно ако е лопов и тоа му е тактика има некаква логика. Ама од дечки што идат на џокинг што можеш да украдеш? Заебано е што јас кога сум идел навечер на трчање на кеј буквално истото сценарио ми се вртело во глава, ако видам некој на земја како лежи и му идам да помогнам, што ако ми извади нож? Не знам зошто ми се вртеле вакви сценарија во глава, вајда да сум спремен при различни сценарија, гледам дека токму вакво сценарио се овистинило...
Иначе како што видов, уште е во критична ситуација едниот, изгубил многу крв, имал осумчасовен оперативен зафат. Другиот имал рана на ногата и не е во критична состојба. Ова на курир го прочитав, вајда не се луди да тресат глупости и за вакви вести.
 
Дефинитивно едниот е критичен ама мислев да не има некое подобрување кај него пошо многу убиства се исподесија у последно време.
Само тоа се врти по телевизииве, убиство таму и таму па таму и таму, ко да нема крај.

Многу наркомани почнаа да се шетаат по населбиве ебаго, барем кај мене ги глеам на секој чекор а спремни се за пола лепак и кесе да брцаат човек а никој не ги чепка воопшто.
 
Единствен добар закон што треба да се воведе е слободно купување на оружје како во Америка. После без мобилен, пари и пиштол не излегувам од дома, до толку е дојдено времево за никаде.
 
Зашто не кажат дали напаѓачите се Албанци?
жртвите знаат сигурно
Не знам за оваа случка, ама пред неколку денови во Аеродром беше нападнат и прободен со нож (на неколу сантиметри од срцето, едвај го спасија) еден од основачите на Сервис Кру, првата група која го има бодрено МЗТ, а истотака познат и постар член на Комити. Напаѓачите биле албанци...
Не знам како дошло до инцидентот, дали специјално он бил мета на нападот, ниту пак знам причини (не се навивачи причините сигурно), ама чим и во Аеродром си бодат кого сакаат, тогаш не би ме чудело и во Ново Лисиче да се они сторители, мада сепак многу поголема е веројатноста да е Македонец напаѓачот.
 
Е заради вакви работи од дома не излегувам без нож и батериска ламба... Кој сака нека чита, кој сака нека дознава и ИП адреси и што сака нека прави, јас моето си го кажав, другото не ме интересира, ова било легално, она било нелегално... Драпај си куро*.
 
http://www.mkd.mk/crna-hronika/izbodenoto-momche-e-vo-kritichna-sostojba-dishe-na-aparati

Вчера триесет минути по полноќ во Скопје, на бул.„АСНОМ" во близина на зграда бр.25, тројца (или четворица) непознати лица извршиле убиство во обид над Д.Б. (23) и С.Р. (22). Еден од напаѓачите од засега непознати причини им нанел неколку убоди со нож по телата.

Ова е сосема друга приказна за настанот?!
Од кај излего сега 3-4-ца напаѓачи од кои само еден бодел, кога прво јавија дека некој лик лежел на земја, а жртвите се обиделе да му помогнат?
 
Сакав и тема да отворам за овој настан и за слични во оваа е........ држава,
ама ај може и во оваа, да кажуваме што сме чуле и виделе. оти новинариве ??????
Овој случај се десил пред моја врата,пред аптеката ЗЕГИН, утрото сите забележавме многу, МНОГУ крв на две места,тука пред аптеката а има и кладионица една „бара“ и на улицата исто така една „бара“ на растојание од 20-30 м и таа патека посипана со крв,како да си сипувал од шише.(значи не капки крв,туку многу крв. Вака беше цел ден вчера и цел денешен ден. Пред малку дојде цистерна со вода го переше местото а потоа и го посипаа со нешто. Зошто ли цели два дена беше така оставено тоа место со реки крв, поготово цел денешен ден,кога баш таму поминуват сите жители од населбата кон автобуските станици а посебно децата кон единственото О.У. што е преку улица.
 
Расипан телефон ни се вестиве.

Анчо за ова ако било како што пишуваш, што да кажам, аматеризам, идиотизам. Требало дел од станарите што живеат тука да известат дека не е исчистен реонот, можеби и некои се јавувале... Пред се лицата што дошле на увид неколку дена претходно знаеле каква е состојбата, не требале да остават два дена Silent Hill сцени на урбано место.
 
тројно убисто во пробиштипско :confused:
http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/179967-Trojno-ubistvo-vo-probistipsko
пред 15 години во државава можеше да се прочита и слушне само за тепачка по црна хроника, денес веќе е друго време се е отидено , сообраќајки во кои масовно гинат луѓе, бодења со ножеви секој ден, тројни убиства како од шала ... незнам.
Ситуацијава е повеќе од загрижувачка и не е воопшто добро ова што се случува ... затоа чувајте си ги најблиските како очите, премногу лудаци шетаат по улициве.
 
Не си баш во право. Погледни ја статистиката. По се изгледа нема некое правило коај година колку убиства има. Лани имало 18 што е најниско од 1991 па навака. http://www.stat.gov.mk/pdf/2014/2.1.14.22.pdf
 
незнам која година си роден но со сигурност можам да ти потврдам дека тројни убиства како од шала секој месец во државава никогаш се немаат случено ... да не збориме тепање по автобуси и бодење со ножеви никад ..... во сообраќајки се гинело по патишта , денес во центар на град може да те соберат на пешачки со 150 на саат и воопшто да не чуствуваат вина за направеното дело.
 
Е како не памтам...кога во 90ти го убија брачниот пар од охрид, кога панда од лисиче си ја уби бремената жена, аце циганот го уби сеат сред бел ден, миле хаџиски ја избоде сто пати и уби бившата девојка во аеродром и тн. Тоа е тоа. Само во право си дека светов општо станува поагресивен.
 
Не е вистина сега сме во најмирниот период во светската и македонска историја. Да си жртва на насилство денес е најмалку веројатно од било кога.
 
Како можеше речиси копија е ова злосторство со она од Кавадарци.

Оваа година ептен крваво завршуваат семејните и љубовни односи, овој е веќе петти случај мислам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom