Насилства во Македонија

Не ви е јасно дека треба да има видеа и слики. Мора да има, и да се види што се случува. Треба и вие самите да снимате од први редови, исто како што правеа на Occupy протестите. А за заштита на идентитетот... ебаго медицински маски коштаа по денар-два од аптека.
Размисли малку што ти напишав сега.

Јас да размислам?
Размисли ти што пиша.

Не одам на протест за да имам фантомка или медицинска маска, за да искршам дуќан или удрам припадник на МВР и да се скријам, па да се палам дека сум направил беља. Не ми треба маска. Ми треба мирен живот кај мене у маало. Ми треба раат кога ќе излезам на кеј да трчам а не да се пазам некој шконтур да не ме збрца.

Размисли сега ти, што јас пишав.
 
Пред неполна година на кеј беше истепан татко на дечко што го познавам. Верувам ви текнува...
Тоа е веројатно еден од овие два случаи.
(и во двата Команчите избегаа преку Рио Гранде во Мексико, кај што ренџерска нога не може да стапне)

65 годишен маж претепан во Ѓорче Петров
mvr250.JPG

65 годишен маж жртва на уште еден напад на насилниците кои тепаат случајни минувачи. Аце О. вечерва околу 19 часот и 40 минути бил претепан од група непознати лица во Ѓорче Петров. Десетина насилници го пресретнале пред Евопската очна болница Св.Лазар и почнале да го удираат со безбол палки, боксови и клоци во пределот на главата и телото. По ова напаѓачите се дале во бегство преку мостот кон Сарај. МВР трага по нив.

Дедо и внук претепани на улица

Дедо и внук биле истепани среде улица во скопската населба Ѓорче Петров. Полицијата соопшти дека пред три дена вечерта околу 23 часот седумдесет и едно годишниот П.Г. и неговиот малолетен, седумнаесет годишен внук К.Г. биле пресретнати од четири непознати лица, кои без повод и причина физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци по телото.

Едно од непознатите лица со нож му нанело убодна рана на внукот на П.Г. во пределот на десната слабина, по што се оддалечиле. Повредениот е пренесен во ГОБ Скопје „8 Септември“ за укажување лекарска помош, а се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.[DOUBLEPOST=1400672185][/DOUBLEPOST]
Spored MVR(uste neoficijalno) ,sluckata definitivno imala drug tek.Interesno
Da be, on si go setal nozot, a kafirot mu se nadenal namerno (dva puta) samo za da go obvinat Albanacot.
 
Така е. Населението ги тепаше и ги приведуваше припадниците на МВР.
Еден забораив у подрум. Ќе излезам порано од работа, да го пуштам да си оди дома, нема смисла...
Пеџа он мисли на случката помеѓу Насер и Анѓел.
 
Не одам на протест за да имам фантомка или медицинска маска, за да искршам дуќан или удрам припадник на МВР и да се скријам, па да се палам дека сум направил беља. Не ми треба маска. Ми треба мирен живот кај мене у маало. Ми треба раат кога ќе излезам на кеј да трчам а не да се пазам некој шконтур да не ме збрца.
@Peja989 и јас ги сакам истите работи, ама реалноста е друга. И сам покажуваш дека исто мислиш за реалноста, чим не сакаш да ти се гледа лицето. Само решението не е во неснимање, туку баш во снимање. И не викам да правиш бељи, туку да си го сокриеш идентитетот... пошто извесно е дека мораш.

За да дојдеш до тоа што го бараш, прво мора овака како што ти пишувам.
 
Пеџа, ако има полициско насилство и не е снимено, како ќе се докаже тоа? Мора да има снимка за да се направи притисок, вака без снимка уште помалце ќе има надеж за некаква промена. Сфаќам јас тоа да не се гледаат лицата ама идеш во протести кои веќе сигурно ќе станат насилни и си знаеш што може да се случи, ќе си носиш маска.

Мора да има видеа што се случува иначе никој нема да знае! Да не беа видеата вчера, ќе останеше само како муабет дека имало прекумерна сила од полицијата кон луѓето.
 
Ама тогаш поддифолт си мафијаш, хулиган, несовесен, неработник, клошар, лигуш, срам за државата/семесјтвото и слично?
Вака нема да ме гледа само МВР, туку и огромен дел од општеството.

Пеџа он мисли на случката помеѓу Насер и Анѓел.

Мислев збори за вчерашниот инцидент, дека тоа е актуелно на темава.
Моја грешка.
 
Мирно утро во Ѓорче Петров, денеска е погребот на младиот Ангел
Мирно утро по синоќешните немири во скопската населба Ѓорче Петров кои започнаа околу 17 часот, каде поголеми групи млади лица во попладневните часови по вторпат излегоа да го искажат револтот поради убиството на матурантот Ангел П. при што се судрија и со полициските сили.
Денеска на локалните гробишта во Ѓорче Петров ќе биде погребан матурантот Ангел, кој беше убиен во понеделникот од страна на крадецот на неговиот велосипед со убодна рана во градниот кош.

Пеџа, ако има полициско насилство и не е снимено, како ќе се докаже тоа? Мора да има снимка за да се направи притисок, вака без снимка уште помалце ќе има надеж за некаква промена. Сфаќам јас тоа да не се гледаат лицата ама идеш во протести кои веќе сигурно ќе станат насилни и си знаеш што може да се случи, ќе си носиш маска.

Мора да има видеа што се случува иначе никој нема да знае! Да не беа видеата вчера, ќе останеше само како муабет дека имало прекумерна сила од полицијата кон луѓето.

Ама знаеш брат колку е трагично, трагикомично кога припадник на МВР некој гази на земја, го удира а некој седи од страна и вика „пушти го бе“. Отиди до полицаецот, направи му притисок да го пушти. Направи нешто. Не да седиш на страна и да снимаш, да сликаш.
 
Потсетување, кога беше на кале тепачката со Албанците, кога ги уапсија Албанците полицијата ништо не направи, туку дојде тој нивниот политичар како се викаше и им ги извади лисиците на сите.............треба да се згазе оваа власт која е против македонецот.
 
ЕКСКЛУЗИВНО: Убиството во Ѓорче Петров во акт на самоодбрана, убиецот бил давен и крвнички тепан со безбол палки?!

http://maktel.mk/News.aspx?id=5320

леле отидов да повраќам
 
Ама знаеш брат колку е трагично, трагикомично кога припадник на МВР некој гази на земја, го удира а некој седи од страна и вика „пушти го бе“. Отиди до полицаецот, направи му притисок да го пушти. Направи нешто. Не да седиш на страна и да снимаш, да сликаш.

Мене поголем проблем ми се тие што не снимаат и што не прават притисок, тие што само гледаат да скршат и да опљачкаат нешто. Ама ај знаеш кај ќе отиде муабетот...
 
Ама тогаш поддифолт си мафијаш, хулиган, несовесен, неработник, клошар, лигуш, срам за државата/семесјтвото и слично?
Штом си излегол на протестиве, по дифлот ќе те етикетираат така. Сакал не-сакал, исто излегува. Затоа... анонимност, ако веќе те прават хулиган и некој наговорен од смрдливата опозиција, тогаш барем биди анонимен инсерт-етикета-тука.
Мора да се покаже во јавноста што се случува, можеби не верувате ама поголемиот дел од луѓево ПОЈМА НЕМААТ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЃОРЧЕ.
 
Нијанси. Има дуализам во институциите.
Навистина? Има дуализам?
Во тој случај, ако може да и кажеш на таа македонската, вмровската страна од тој наводен дуализам во власта, малку да го попушти гласот, пошто на оваа јачина, ми се слуша како албански да збори.

Зошто се обидуваш да ја оправдаш власта за ова?
Разбирам ја штаб и наредби и све, али барем еднаш допри до себе и до тоа што те водело да гласаш и да бидеш член на ВМРО. Биди искрен, ако не тука, барем пред себе, дали тоа го гледаш денес? Ако го гледаш, кажи каде?
На Кале?
На протестите за Смилковско?
Или можеби вчера во Ѓорче?
Во мачкањето очи со споменици додека Албанецот полека живи не дере, веќе неколку години?
....

Каде е таа страна во власта? Покажи ми ја, затоа што јас друго гледам околу мене, веќе некое време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom