Нашиот личен идентитет на форумов. Јавен или анонимен?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Би се рекло дека сум во втората категорија поради моменталниот статус, иако на времето имав оставено скоро секоја информација за себе (додуше во постари мислења уште можат да се најдат некои). Единствено што немам оставено на форумов е слика од себе (освен ако ја рачунате таа деформираната што ја имав ставено во групата за најгрди членови).

Што знам, пред се дека форумов може да го чита секој, не сакам моите податоци да му ги лупам на секој во фаца, ако има потреба да ги кажам на некого, му ги кажувам. Нема многу членови кои лично ме имаат запознаено, а и тие што се, углавном ги имам запознаено на поинаква прилика, а тие што ме запознале преку форумов, знаат дека не е многу тешко да ме запознаат. Не е дека се кријам, но сакам прво да имам причина зошто да делам информација за себе со некого, тука сум за да кажам свое мислење, и моето мислење е доволно за некој да има причина да ме запознае повеќе.

За собиранките незнам што да кажам, не сум бил а нема ни да идам, што знам, не ми се свиѓа таков начин на запознавање. Сепак, ова е мое мислење.
 
Немам дадено никакби информации за мене а и не палнирам во блиска иднина проста причина за тоа е дека не му верувам на луѓето(не само од форумов да се разбериме) а би дал подетални информации радо доколку се спријателан со некој од форумов дотогаш не :helou:
 
Па можам да кажам дека сум анонимна некој од форумо дури мисле и дека сум машко а јас сум женско ама имам оставено мсн кој сака да ме аддне нека го направи тоа расположена сум за пријателства...
 
Идентитетот на форумов, не мора да кореспондира со оној во реалноста. Како што рече еден лицемерен член: ,, Од каде знаеш дека она што го мислам, го пишувам и на форум?". Мојот идентитет, е транспарентен, од причина што си го имам персонализирано форумов за вадење на негативната енергија. А и по природа сум тип на човек, кој сака сите да знаат што му се случува. Ако на некоја тема не сакам да одговорам, затоа што не сакам да ја споделам таа информација со другите, едноставно не ја отворам. Не пишувам лажни информации за мојот идентитет, освен ако некој не ги заклучи според мојот по малку агресивен пристап во дискусиите.
 
А останатите се лица кои се тотално анонимни и со скриен индентитет........


Јас се препознав и пронајдов во овој текст тука.Јас спаѓам во таа група на анонимни членови на форумов, а сметам дека е подобро така зошто на овој форум покрај тоа што членуваат луѓе кои имаат искрени и добри намери, членуваат и луѓе кои немаат искрени и добри намери.Инаку сум бил на собиранки ама со луѓе од друг форум, (форум кој нема толкава активност и луѓето се знаат таму кој се и што се), ама за овој форум потребно е малку повеќе време за да стекнам таква доверба.Мене лично не ми е срам од околината, не се ни оптеретувам со тоа што има да каже некој за мене јас знам кој сум и што сум тоа ми е најважно, а другите ако им се допаѓа со мене да се дружат слободно, ако не тогаш пријатно.Во моментов од овој форум моето име, возраст, живеалиште и.т.н. го знаат само тројца членови, и го знаат зошто сметам дека се луѓе со добри и искрени намери, и сметам дека тие луѓе не ми мислат лошо, се надевам дека не грешам и за овие три членови али за тоа "само времето ќе покаже кој е праведен човек.............".
 
Па за многу од луѓето од форумоив можеби сум аномнимен, али ако некој ми чита на профил ќе разбере се за мене:helou:
 
Транспарентен:tv:
Секогаш кажувам искрено и точно,сосема каква што сум.
Слика немам и нема потреба.
 
јавен бе,односно се што пишувам навистина го мислам а каде што се опишува искуства ги имам доживеано па затоа и пишувам-некако залудно е да бидеш на форум и да пишуваш лаги-каде е смислата,раазмената на искуства,мисли,знаење....
 
јавен бе,односно се што пишувам навистина го мислам а каде што се опишува искуства ги имам доживеано па затоа и пишувам-некако залудно е да бидеш на форум и да пишуваш лаги-каде е смислата,раазмената на искуства,мисли,знаење....

па не е тоа филмов на овја со са анонимни, бар на мене не ми е а ја анонимна сум. не е дека тоа со пишуем не го мислим па сеа се плашим дан ме дознае некој која сум. едноставно немам доверба у огромниот број на членои шо шетаа по форумов. :toe:
 
Припаѓам во првата категорија.

Имам оставено скајп, мсн, фејсбук, слики во галеријата...Си го имам муабетот со повеќето форумџии, малку ме познаваат и можат на прсти да се избројат.
На собиранки не сум дошол, но ветувам дека ќе дојдам некогаш :smir:
 
Тоа што го пишувам на форумот го мислам и би му го кажал и на секој што ме познава. Идентитетот не го кријам, на форумџии кои ги знам од претходно им го кажувам никот. Име, возраст, национална и верска припадност, место на живеење имам откриено во неколку теми но не би открил и презиме на пример од проста причина што нема потреба од тоа. Не верувам дека некој од форумот би ме знаел доколку напишам и не верувам дека некој го интересира. Фотографии од себе не сум објавил и не би, од слични причини како и за презиме.
 
па не е тоа филмов на овја со са анонимни, бар на мене не ми е а ја анонимна сум. не е дека тоа со пишуем не го мислим па сеа се плашим дан ме дознае некој која сум. едноставно немам доверба у огромниот број на членои шо шетаа по форумов. :toe:

имаш никнејм,а за слики никој не те тера да ставаш поентата ми беше мислењата да бидат наши а не на некои сии трендови:toe:

инаку форумов има 32000 членови официјално знчи ние сме жители на мини виртуелно гратче....епа за довербата ќе најдеш членови не секој еден е ист па да глобализираме за сите:helou:
 
Лично јас не се кријам од никој никаде, у живот не сум се сокрил на никаков начин. НЕ се плашам од луѓе на сајтови не ми е сефте да имам профил.
 
Јавен.Си кажувам се па дури и слика имам.Знам дека ми збори устата некогаш поише од дозволено ама си идам на собиранки некогаш нема што да се кријам, го јадам го јадам памет за друг пат.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom