- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.597
Ми вели еден пријател, странец, кој има огромни познавања за ситуацијата во Македонија, дека осетно е променета атмосферата.
Вели дека на истите пропагандни методи од пред сто и кусур години, многу Македонци и денес наседнуваат.
Тој заклучил дека Македонците се уморени од борбата и дека во ситуација кога се чувствуваат загрозено, тешко е да го исправат челото. Многумина бираат меѓу слободата и сигурноста, и ја одбираат втората. Уште вели, сите кои ја застапувате Македонската национална кауза, спремите се да се соочите со омраза од страна на некои Македонци.
Морам да признам дека човеков ме замисли. Затоа, на сите кои сте уморни и кои клонете со духот, ви посветувам неколку стихови:
Нашинска
Да ни е да сме доста
колку за да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине-
Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине-
Да ни е да сме мерата
колку за да се прелееме
од колено во колено до крај истрајвекот-
Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем, а веќе со векови
по стопати по севезден не пребројуваат
Но ние сме како што сте како што се
и покрај се' и покрај се'
колку сме, толку сме, токму сме!
Поздрав каде и да сте. Немојте никогаш и никому да му дозволите да ни го поттисне духот, ниту пак да се делиме меѓу себе!
:love3: