Народен суд и судот на народот

  • Креатор на темата Креатор на темата Пе Џо
  • Време на започнување Време на започнување
П

Пе Џо

Гостин
Да продискутираме околу концептот `народен суд`. Како концепт, `народниот суд` е прилично дефиниран од сопственото име, грубо речено тоа е толпа која одлучува за судбината на субјектот (индивидуа или колектив, физичко или правно лице) после одреден извршен акт кој се смета неприфатлив од страна на судот на народот.
Дали мислите дека оваков суд би бил ефикасен во сегашноста? Може ли да се постигне демографска состојба (внатре во `судницата`) која би ја отсликала целовкупната популација на народот т.е. дали може билансот на гласањето во судницата ефикасно да ја прикаже волјата на народот?
И што е најважно дали мислите дека во иднината (каде што преку доблеста на модерната комуникација) може да се воспостави ефикасен систем во кој што сите би гласале и каде што овој концепт би функционирал, т.е. систем каде што ќе можат непристрасно да се претстават доказите, гласот на обвинетиот и неговата одбрана, на тужителот и обесправениот, а народот на крај преку гласање да ја одреди судбината на обвинетиот.


-Во прилог ви ја оставам снимкава, на која што ќе можете да видите како функционира прототип на народен суд во времепростор на гео-политичка криза, чисто колку да ви се прошират видиците и за да видите за што зборам.
 
Еве еден пример од 33 год н.е.
Судењето на Исус и Бараба.
images
 
Тоа колку и да звучи демократски имево, сепак е неприфатливо. Од кои причини ? Ајде да кажеме судот на народот ( определена толпа) ќе биде овластена да пресудува на индивидуа или некоја малечка група. Кривичните дела т.е тешките кривични дела да ги оставиме настрана, ете, како случајот в Србија што беше што тој психопатот го беше отепал девојчето. Да се префрлам на друго. Да речеме се собере толпа народ раководен од попови и верници за да го убијат главниот на асоцијацијата на атеистите. Тоа во ред е? Демократски ? Не е. Далеку од тоа. Ако некој е различен од тебе не мора значи дека тоа е погрешно. И ред други работи. Народниот суд не би успеал бидејќи со него би се манипулирало, според мене би преминало во тиранија, бидејќи луѓето по природа се зли и себични ненаситно ќе сакаат да гледаат крв и сузбивање.
 
Правдата подразбира познавање на криминална психологија, криминологија, кривично и процесно право, меѓународни конвенции, пенологија итн итн за да може носителот/носителите да донесат пресуда која првин ќе има ефект на ресоцијализација, а дури потоа ретрибуција.

Како може толпа која нема благе везе со сево ова, а понесена од желбата за одмазда, да донесе одлука која, првин, ќе биде во доменот на нормално расудување, а дури потоа ќе биде праведна?

Системот на судење со порота (кој функционира кај нас) е суд од народот, но со судии-поротници кои имаат познавања од материјата.
 
Судовите се институции кои се наменети да решаваат спорови меѓу граѓаните и го гонат криминалот
Што значи судот по дефиниција не може да биде народен - народот не е институција
Она што народот го може и го прави е да и суди на власта
Еве денес е отворена тема во која се осудува Фондот за здравство што не дал пари за лекување на едно девојче.
Имавме тема како власта го униши штрајкот на учителите
Имавме тема за забраната на абортусот
И многу други работи
Значи ние од Кајгана постојано и судиме на власта
Тоа е она што народот го може
 
Може народен суд но на пример протерување од градот или населбата,губење на некои привилегии, забрана на комуникација со осудениот и изолација или некој друг социјален аспект шознам а тоа со толпата е многу примитивно и лесно за манипулација, како би се суделе вемеро и есдеесем?
 
Најпросто кажано, народот како мнозинство е премногу глупав за да може да се воспостави нешто вакво и да функционира добро. Доколку во сегашното општество, нашето општество, се воведе нешто вакво, јас веднаш ќе си купам пиштол и ќе си го прснам мозокот со него, пред некој друг да ми го направи тоа мене.

Некои работи се премногу сериозни за човештвото, за да му ги препуштиш на народот да одлучува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom