П
Пе Џо
Гостин
Да продискутираме околу концептот `народен суд`. Како концепт, `народниот суд` е прилично дефиниран од сопственото име, грубо речено тоа е толпа која одлучува за судбината на субјектот (индивидуа или колектив, физичко или правно лице) после одреден извршен акт кој се смета неприфатлив од страна на судот на народот.
Дали мислите дека оваков суд би бил ефикасен во сегашноста? Може ли да се постигне демографска состојба (внатре во `судницата`) која би ја отсликала целовкупната популација на народот т.е. дали може билансот на гласањето во судницата ефикасно да ја прикаже волјата на народот?
И што е најважно дали мислите дека во иднината (каде што преку доблеста на модерната комуникација) може да се воспостави ефикасен систем во кој што сите би гласале и каде што овој концепт би функционирал, т.е. систем каде што ќе можат непристрасно да се претстават доказите, гласот на обвинетиот и неговата одбрана, на тужителот и обесправениот, а народот на крај преку гласање да ја одреди судбината на обвинетиот.
-Во прилог ви ја оставам снимкава, на која што ќе можете да видите како функционира прототип на народен суд во времепростор на гео-политичка криза, чисто колку да ви се прошират видиците и за да видите за што зборам.