Многу кратко прашање: Народе како сте
(народе како сте денес,како сте годинава,како сте сега, а како сте утре...
поточно што очекувате,а како бевте вчера...поточно како порано народе)
Фала на прашање КУЛ . и така и вака, што не ти е јасно. Па подобро ми беше кога дував во пегла,што сега не ти е нешто јасно.
Еј колку години како не сум дувал во пегла.Половина век.Полни 50 години.
Е дури сега не ти е ништо јасно.А тогаш да ти признам ми беше подобро.
Е оти,мора да ти одговорам зашто веднаш ќе прашаш. Затоа што и кај комшијата исто така децата дуваа во пегла.Пак не ти јасно нешто. Па и немаа друг избор господине КУЛ. Па сигурно и кај вас било исто така.
Е во некој работи бевме сите еднакви.
Една од тие е и дувањето во пегла.
Е пак прашуваш,оти дување во пегла се уште не ти текнува. Не си ти од тоа време,кога се дуваше во пегла. А дуваа сите деца,поточно помалите, и тоа од двете страни,а поголемите ги мандаа како попот кандилото. И јас и брат ми така дувавме од двете страни на пеглата истовремено,оти ако дува само едниот,другиот треба да затвори очи,смета бре КУЛ дување од една страна,затоа мандањето е подобро,ама таа пеглата,
тешка пустињата а ние слабички не може да ја држиме па затоа дувавме.
А во што дувавме прашуваш.Па во пеглата,во отворите на пеглата од двете страни,во жарта што беше внатре во пеглата,ја распалувавме,не и дававме да згасне,додека мајка ги диплеше веќе испегланите дреи.
А така не беше само каде нас,беше и кај учитело така,и кај попо и секаде.
И тогаш да ти признам ми беше подобро.