- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.432
- Поени од реакции
- 13.285
За биро старо 30 години и најскапото да е лакот е веќе одамна паднат. Сите тие бироа (од времето на Тито) што сум ги видел по институции се во очајна состојба.
По институции кои работат, а не по напуштени канцеларии, сакаш да кажеш.
Колку и да ти е тешко да признаеш, ние сме недомаќинска држава и не го пазиме тоа што го имаме, но има такви работи кои му пркосат на времето и со децении, како што се овие маси на пример.
Лакот можеби паднал, но масата дремела таму без да биде употребена со години, па со добро шмирглање и лакирање, ќе изгледа како нова.
Додека од друга страна, иста таква маса употребувана сите овие години по институции, сигурно била влечкана од една во друга канцеларија, преместувана, без никаква грижа и без никакво редовно одржување, па огромна е веројатноста оваа вторава маса употребувана со години да биде во многу полоша состојба во споредба со оваа првава маса која дреме со години без да биде употребена.

Пред точно 11 години бев тука на школска екскурзија и колку што можев да видам тоа одморалиштето вриеше од деца од цела Македонија.... јесте во собите редовни гости беа бубашвабите, ама колку што знам објектов го одржуваа луѓе, а имаа и посебна менза каде што имаше запослено жени. На пет минути од одморалиштето имаше и детско игралиште, а горе на ридот одма до хотелот, се гледаше убава панорама на Голак планина.

