За технологија, за мода сме понапредни ... Ама за однесување , и начин на живеење...мислам дека и пештерскиот човек е далеку понапред.
Сега имаме контра еволуција.... back to basic ....being a beast
Имајњето на лаптоп, интернет, секси облека, шминка , и кола уште на 15 години нема да го покрие фактот дека ние младите стануваме неуки пилиштари. Празни кутии со човечки облик.
Јас за среќа имав прилика да го искусам децкиот живот на улицата...Да паднам дури игравме да добијам по некоја модрина, да се скарам со некоја другарка за барбика, да го гледам леталото како се вее високо во небото.
Крадевме сливи од овоштарници ... игравме ластик..мижитатара ....
Бевме здрави деца.. полни со енергија, живост, љубопитност и пред се бевме скромни.
Денес помладите генерации не се здрави....од седење пред компјутер секое второ дете оди на физикална... од шетање со што помалку облека на себе страдаат и внатрешните органи
И живост ја нема. Нема повеќе деца по парковите да играат фудбал.. да се радуваат на снег, да се радуваат на завршувањето на распустот.
За нив нема таква поделба на годината и времето ...за нив има време поминато пред компјутер и време кое го минуваат во "безденичење".
И скромноста е во се помал процент. Порано бевме задоволни со една обична гумена топка сега дете од шест години пека за комјутер, мп3, мобилен а сеуште нема проодено на училиште.... а уствари што тоа знае за музика... компјутери
Ја мислам дека за ова што се случува највиновни се родителите....Детето верувам е празна табла на која тие имаат право да пишуваат до седмата година ...ако не и помалку.. ако тие го научат детето на скромност ако му покажат дека на светот постојат многу поинтресни работи од компјутерот, ако не го притискаат премногу и ако го балансираат нивното однесување кон детето ( построги/ полиберални таму каде што треба ) тогаш мислам дека младината нема да биде толку празноглава...
Секако не се само родителите фактор за оваа појава .. Постојат и други на пример медиумите , друштвото на детето... .и тн