Нападната амбасадата на САД во Јемен

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Најмалку 16 лица загинаа во терористичкиот напад врз американската Амбасада во јеменскиот главен град Сана, јавуваат агенциите.
Според истите извори, убиени се шест напаѓачи, шест војници и четворица цивили, а меѓу жртвите има и еден Индиец.
Напаѓачите отвориле оган од возило во движење врз стражарите на рампата на околу 100 метри од американската Амбасада, изјавија очевидци.
Вториот автомобил, потоа, се појавил пред капијата на Амбасадата каде експлодира бомбата. Меѓу загинатите се двајца полицајци и еден напаѓач, изјавија лекарите во болниците Ал Џумхурија и Ал Таура.
Меѓу повредените има неколку жени и деца од зградите покрај Амбасадата, во предградието Шератон во Сана.
Според изјави на очевидци, напаѓачите носеле полициски униформи.
ТВ станицата „Ал Арабија“ јави дека групата Исламски џихад во Јемен ја презела одговорноста за денешниот напад и се закани со нови напади во регионот Залива.
Групата го повика јеменскиот претседател да ослободи некои од неговите членови од затвор, јави „Ал Арабија“.
Ова е втор напад на амбасадата на САД во Сана, по оној во март оваа година, кога беа ранети 13 девојчиња од едно училиште во близина на амбасадата.
Официјални лица од САД тогаш наложиле вработените во амбасадата да го напуштат Јемен во април, по нападот на дипломатското население.
Владата на Јемен се приклучи на САД во борбата против тероризмот пред седум години.


Извор
 
Групата го повика јеменскиот претседател да ослободи некои од неговите членови од затвор, јави „Ал Арабија“.
Или што... уште невини ќе страдаат во бесполезните обиди да им наштетат на Американците?

бесмислени напади :nerv:
 
само невини луѓе страдаат поради нивната е*ана света војна:uvo:
 
нема повредени од амбасадата сите се заштитени, инаку се обвинува л Каеда бидејќи заради нив цело време Јемен и останатиот муслимански свет се вклучува во битката со тероризмот, иако не се криви се обележуваат за соработка со терористите ова го кажаа на MSNBC сега има многу јаки препукувања
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom