igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Во темава може да се остават рецензии за филмови кои вие сте ги погледнале и ви се допаднале многу, а самите филмови не се некои познати светски блокбастери или добитници на оскари (подценети филмови кои поради лош маркетинг или лоши критики не успеале да се пробијат до општите маси но сепак се премногу добри за да бидат игнорирани)
Јас ќе почнам со еден СФ и еден анимиран филм :
Враќањето во ОЗ
Малку е познато дека светскиот хит Волшибникот од Оз има втор дел. Се работи за достојно реализирана приказна од две книги од истиот автор. Самиот филм беше тешко критикуван поради фактот што за разлика од првиот овој не беше погоден за деца. Се работи за доста страшна репрезентација и го нема она постојано играње и пеење од првиот дел. Но сепак филмот е магичен исполнет со преубави ефекти (stop-annimation) многу иновативен и може без проблем да се носи рамо до рамо со кој и да било култен филм од сличен жанр како Лавиринт или Темниот Кристал.
The Secret of NIMH
Направен во стилот на класичните цртани од 80тите ја има онаа преубава атмосфера кои тие ја имаа. Интересно е што самиот филм е еден од најдобро критикуваните децки цртани на сите времиња но поради лоша промоција и хитот на Стивен Спилберг E.T. остана анонимен. Приказната е класична но преубава и ги има сите они традиционални детски елементи со поучни содржини.