Најважното кај успехот е...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ain't about how fast I get there
Ain't about what's waiting on the other side
It's the climb

Можеби и малку е смешно од каде ја добив инспирацијата за темава, ама песнава навистина ми има некоја посебна смисла.

Јас морам да се согласам со стихов, затоа што на тој пат кон одредената цел навистина се стекнуваат многу нови искуства и се учи дека не секогаш можеме да бидеме оние кои ќе успеат. Всушност, на тој пат, тоа искачување ја гледаме нашата упорност, нашата сила и нашата желба за просперитет.

Дали и вие мислите дека не е важно за колку време ќе ја постигнете целта и што е тоа што ве чека таму?

Дали мислите дека всушност најважен е патот кој го изодуваме за да постигнеме нешто?

Ако не е ова, што е тоа кое е најважно кај успехот за вас?
 
За мене најважно е успехот да ми е заслужен, односно сама да се изборам и да успеам.Било што да правам не дозволувам никој да ми се меша и да ми помага дека повеќе се радувам кога сум постигнала нешто сама и никој нема да може да ми рече Ех да не бев јас ти што ќе праеше... А и башка ако лесно се достигнува успехот нема да биде интересно.Ако не успеам од прва ќе успеам од некој следен обид.Успехот е триумф на упорноста, храброста и постојаноста во намерата.
 
Најважно за успехот според мене се вредностите кој еден човек ги посeдува додека се качува нагоре, како и кога ќе го постигне успехот. Без вистински вредности, здрав разум и здрава душа, нема ни долготраен успех.
 
Па за да успееш мислам треба да бидеш упорен,никогаш да не се откажуваш од тоа што си го започнал можеби и нема да успееш веднаш, мислам можеби ќе наидеш на некоја поголема пречка по патот до успехот,но со упорноста и целосниот труд што ќе го вложиш би требало да дојдеш до успехот.
 
На крајот од денот не ти останува ништо дргуо освен тоа што си го научил и искусил по патот кој те водил до тој успех.
 
Најважно кај успехот е учењето на пат до него. Еве, тазе дипломиран стави го министер за што и да е, џабе му е успехот! Прво е усилен, безпредметен и не конструктивен.
Тоа според мене е успех за чатал. Вистинскиот успех е вложување и патување до целта. Само тогаш знаењата се со потребна концепција.
Најважно кај успехот е свеста дека си успеал во права смисла на зборот.
 
најважна е вербата дека ќе успееме. ако не веруваш дека ќе успееш, нема ни да успееш
 
што имаш некој сатисфакција за твоите вложување или способности
 
Сите сте напишале дека најбитно е патот до успехот и тоа како со ваш труд сте стигнале до тамо бла бла бла. Да ви понудат директорско место во некоја компанија или да бидете на најниското ниво веднаш над чистачите дали ќе одберете да бидете обичен службеник кој треба да се докажува ??
 
Jaс сум површен. Не ми треба верба, труд, внатрешен мир.. бла бла. Јас би само about what's waiting on the other side.
 
Секој ќе му се чуствува подобро кога ќе знае дека таму каде што е, стигнал со свој труд и се чуствува дека го бива за нешто. Само овде во Македонија ако успееш благодарение на својојт труд секоја чест. Над тебе е некој кој одвај завршил средно но е роднина на некој пријател на газдата и едниствено седи во канцеларија и потпишува документи, а ти рмбаш цело време мислејќи дека ќе го забележи твојот труд. Единствено успеваат тие што имаат врски со газдата. Така да овде во Македонија баш ги брига за твојот труд .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom