Најтешко е човек да си прости сам на себе?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Jaс како човек, најпрво гледам да не направам никаква грешка, за било што, па и да е за најмала ситница.Дури и ако сум направила некаква грешка, секогаш има причина оправдана, зошто таа била направена.
Кога веќе правам грешки(затоа што нели сепак, човек греши), не се каам и си простувам на себеси од причина што, во тој момент, сум мислела дека така е исправно да постапам.Во тој момент, сум имала рационално мислење, сум размислувала за последиците кои може да следат, па затоа и сум ја направила таа грешка, дека со ризик може да излезе како таква.
Затоа, не ни помислувам на себе простување, се разбирам себеси.
А за другите, ретко простувам, но ако простам, не значи дека сум заборавила после месец дена, сеуште памтам:smir:.
 
Не се согласувам со ова,секогаш си простувам сама на себе а потоа-сум погрешила си ја признавам вината и се соочувам со последиците.Ако ти самиот не си простиш на себе и другиот да ти прости попусто ќе биде..Бидете поблаги кон себе а што се однесува на другите ПРОСТИ АМА НЕ ЗАБОРАВАЈ :)
 
Се согласувам, дефинитвно според моето искуство, најтешко е сам на себе да си простиш. Јас направив една тешка глупост пред година дена, ги повредив другарите и они ми простија, меѓутоа јас сеуште не можев да се ослободам од товарот:toe:. Ми рекоа, ние сме со тебе, но за да се ослободиш од тоа што психички те потиснува, мора сама на себе да си простиш. Беше тешко, бидејќи убедливо најтешка е борбата со самите себе, ама ете како минува времето си простив.. :smir:
 
Се согласувам, дефинитвно според моето искуство, најтешко е сам на себе да си простиш. Јас направив една тешка глупост пред година дена, ги повредив другарите и они ми простија, меѓутоа јас сеуште не можев да се ослободам од товарот:toe:. Ми рекоа, ние сме со тебе, но за да се ослободиш од тоа што психички те потиснува, мора сама на себе да си простиш. Беше тешко, бидејќи убедливо најтешка е борбата со самите себе, ама ете како минува времето си простив.. :smir:
Ти си добил вистински благослов-опрост од другарите. Сега нема потреба да се навраќаш на минатото и повторно да си предизвикуваш болка, едноставно продолжи напред. Си ја научил лекцијата и толку, нема потреба повеќе да се измачуваш.
 
Не е тешко било што да си простиш себеси туку да се прифатиш себеси оваков каков што си. Среќен ли си, задоволен ли си со себеси, или твојата состојба само ги буди сеќавањата за тоа што си го направил? Реши го проблемот, не симптомите.
Биди промената што сакаш да ја видиш.
:wink:
 
Им простувам на другите,а и на себеси посебно кога оправдано сум згрешил,или утнал-бидејќи се трудам да бидам прецизен:toe:
 
Од замарање со наоѓање причини за туѓите грешки, не успевам да најдам време да си ги простам моите. Знам дека ги имам, знам дека не можам да ги сменам и поради тоа одбивам да живеам со секојдневен гнев кон себе. Се трудам да мислам на тоа што сум го направила правилно или да правам уште поправилни работи, за да си постигнам некој баланс.
Иначе, општо ми има логика муабетов. Секако дека е потешко човек да си прости сам, отколку на другите. Тоа е така затоа што секогаш мислиме дека сме добри, па кога ќе згрешиме нешто ја кршиме таа наша совршена слика и се разочаруваме од себе. Како да си го оправдаме тоа? Како може некој да си прости што испаднал слаб, глупав, наивен, лош, лесен и непромислен или повредил некој друг?
Со другите е лесно. Секогаш, макар мал дел од нас верува дека нешто ќе згрешат, па после тоа, така спремни полесно можеме да ги сфатиме, а со тоа и да им простиме.
 
Потешко им простувате на другите или на себе?

Генерално тешко простувам.
Сакам да верувам во тоа дека е најлесно да се прости на сам себе, но, живеејќи со мајка ми која покрај фактот дека е страшно силна личност сепак ја нема способноста да си прости за грешките кои што ги направила попатно низ животот, како тогаш би имала јас? Се обидувам, да си простам себе, тешко, но сепак малку полесно им простувам и на другите кога ќе помине време и она што ме болело не ме боли повеќе.

Сега би дала се на светот, за да ги затворам очите и да верувам дека секој потег бил оправдан а сите грешки се искуства од кои што се учи и се созрева, но вистината е далеку од теоретската набилданост на која што сакаме да и се поклониме, напротив, секој чекор ми е длабоко анализиран и во секоја ситуација погрешен затоа што сум се подложила на опортунитетен трошок да не можам да ја искусам другата опција.
Сепак, животот не би требало да биде составен од вина и каење, затоа, на „стари“ години, затоа што не ме научиле, сама учам да простувам, како на другите, така и себеси.
 
Што да си простам? па не сум си згрешила:vozbud:
Се шалам, во глобала тешко простувам, ако ме повредат еднаш, не добиваат шанса за уште еднаш. А на себе, ваљда тогаш сум мислела дека така треба да напраам, или сум била у заблуда, или правилно сум размислувала... а често испаѓа дека сум била во заблуда, па некогаш некои работи и сама не можам да си ги простам
 
Ако јас се покаам за лошите работи кои ги имам направено и истите тие ми се простат, брзо ќе заборавам дека сум ги згрешил и повторно ќе ги направам. Затоа не ми е битно дали ќе ми прости некој, јас не се покајувам, зашто јас самиот не смеам да си ги простам тие работи. Ако си ги простам вината исчезнува. Ако јас навистина сум се покајал, треба со нешто, некакво дело да ги поправам згрешените работи и ако успеам во тоа, веќе можам и да си простам, да заборавам на тие работи од минатото и да продолжам понатаму.
 
Им простувам на другите, обидувајќи се да не поставувам висок критериум за простување, но простувањето на самито себе, секогаш го оставам за некое идно време заради тоа што во сегашноста секогаш ми недостасува аргумент плус.
 
И да и не. Простувањето во суштина (мислам на она вистинското, од срце) е прилично тешко. Тешко е да си простиш на себе затоа што знаеш дека ти си причинителот на проблемот и дека можеби, на некој начин, си можел да го спречиш. Додека за простување кај другите исто е тешко, со тоа што не можеш себе да се обвинуваш за совеста на другите и она што тие го направиле, свесно или несвесно. Простувањето за мене најмногу зависи од тоа колку е личноста спремна да се покае за своите дела, т.е. колку таа вистински бара прошка од тебе (или пак колку ти самиот бараш прошка од себе). Ако си спремен да простиш, во ред, ако не - пак во ред, ќе живееш со лутина, гнев и каење, впрочем како и повеќето од нас.
 
Потполно се согласувам со насловот на темата,најтешко е човек да си прости сам на себе.Тоа е и во мојот случај точно.
 
Секогаш простувам на другите без разлика колку и да ме повредиле.Едноставно нема да можам да функционирам нормално додека не го сторам тоа.И секогаш барам начин да ги решам проблемите во врска со тоа.

Додека како и многумина тешко е да си простиш себеси што си дозволил да се случат некои работи или што си ги сторил самиот ти.Јас се уште не можам да си простам себеси за една случка иако поминаа 4 години.
 
На други им простувам грешки само кога навистина мислат дека згрешиле и се каат,а сепак таа грешка да не е базирана на некоја лага што ја измислиле за побрзо да си остварат некоја си нивна цел.
Не сум направила некоја којзнае колкава грешка за да викам дека никогаш нема да си простам, кога-тогаш ќе си простам затоа што обвинувајќи се за таа грешка можеби ќе направам и друга и трета и се така со ред,па наместо тоа ќе се обидам да си простам и да си дадам шанса на самата себе.
Нормално нема да имам чиста совест,но тоа не значи дека не треба да имам подобар живот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom