Најтешко е човек да си прости сам на себе?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
простувам секогаш бидејќи секогаш има добра причина за нештата што се слкучуваат само треба да бидиме отворени и ги разгледаме сите страни.. простувам и бидејќи знам дека грешам како и секој човек.. се трудам да не грешам но тоа е тоа.
а дефинитивно најтешко за мене е да си простам на себе одкако ќе сватам што всушност сум направил иако тоа за мене било незабележително...н но за среќа луѓето сме жилави па се проаѓа само треба да сио дадеме време и да се трудиме
 
Најтешко е човек да си прости сам на себе - да според мене оваа теза е вистинита. За мене можам да кажам дека сум личност која тешко простува. Се разбира тоа зависи и од сериозноста на неправдата која била направена кон мене, но генерално тешко простувам. А кога сме веке кај грешките кои ги правам јас самата на себе... простувам уште потешко. Во последно време научив многу работи, станав многу посамокритична, и мислам дека тоа прави да се чувствувам многу подобро и да прогресирам како личност. Но, неодамна ми се случи мислам најголемиот пад, досега нешто кое не можам да го заборавам лесно кое сеуште ме измачува.. ме полудува :zid::zid::zid: ....... кое не сум си го простила... и не знам дали ќе успеам да си го опростам. Самата си се чудам себеси..просто не можам да се препознаам во таа апсолутно непромислена ситуација и сеуште се прашувам како си го дозволив тоа??? Затоа мислам дека ќе ми треба подолг период да се опоравам, да се средам, поранализирам, и да се обидам да ја поправам. Колку ќе успеам во тоа ќе покаже времето но бидејќи сум оптимист во душа, се разбира ќе си дадам шанса за поправен, верувам во себе и ќе дадам се од себе за да ја поправам. I SWEAR!!!
 
Интересно е што некои си наоѓаат оправдание за сторената грешка,па истата не ја сметаат како таква,оттука нема што да си простат.
 
Интересно е што некои си наоѓаат оправдание за сторената грешка,па истата не ја сметаат како таква,оттука нема што да си простат.

Потсвесно знаат дека тоа е грешка, само полесно е друг да обвиниш или да најдеш кривица во нешто друго за својата грешка, само за да не те мачи грижа на совест. Тоа е само бегање од себе и ништо друго, кога-тогаш, кога човек е сам со своите мисли, одвнатре ќе се појави потсвеста и јадежот што направил грешка.

Но, за оние другите, што знаат дека згрешиле и постојано ги јаде тоа одвнатре, прашањето е - КАКО да си опростат?
 
Кога грешат-простувам.
Кога грешам...не е грешка...само мој начин:pipi:
 
Имаше изрека - на другите секогаш простувај им, а себеси никогаш.
Ако веќе не можеш да си простиш, помири се со тоа дека не можеш да си простиш, би рекол.
Ко да сменив мислење последнава година...
 
Ако си ја простам грешката без да ја поправам, научам нешто од неа, сигурно повторно ќе ја направам истата.
 
Spored mene,prvo na sebe treba da si ja priznaes napravenata greska, pa potoa da si ja oprostis,za potoa da oprostuvas i na drugite.Pa na sebe ako ne si gi priznavame greskite kako bi ziveele so toj tovar na svesta,sekojdnevno kje ne izmacuva,sepak covecki e da se prostuva no se si ima granica,neli ?
 
Искрено, ми се има случено ова да направам грешка и да ми е мака и да сум гневен на себе и постојано да си се укривувам за тоа , но што фајде веќе кога е грешката направена :tapp: е вака ќе си ја маваш главата од зидот
 
Ми се има случено, па се каам после.
али - "Кој не направил грешка, не пробал ништо ново."
Па си викам, ај на сите им се случува.. после извесен период заборавам на грешката или пак пробувам некако да ја ублажам и да ја поправам ако можам.
Сепак грешките се мои дела, да не ги направам нема да бидам јас.
 
Досега никогаш не сум морал да си простам , засега. Можеби дека секогаш пробувам да најдам оправдување и изгледа успевам. . Но млад сум има време. =)
 
Прво си простувам себеси, потоа на другите,..најчесто ги прифаќам грешките, така најлесно можам да ги исправам.
 
Најпрвин да бидеме искрени свесно се дистанцираме од нашите грешки,најчесто тоа се се само не грешки,затоа имаме многу лоша призма во животот ,гневни сме на другите за нивните најмали престапи ама за себе многу често си имаме оправдување.
Ова прашање за мене е многу тесно поврзано со воспитувањето.Некои родители од уште од мали ги воспитуваат децата да бидата строги спрема себе,и така им создаваат свест т.е совест која функционира така да си ги памтите грешките и да се потсетувате постојано на нив.Човек со високо ниво на совест секогаш се сеќава кому и што згрешил зашто ги смета сите грешки за нешто ужасно што го направил.Тоа не е лоша работа до моментот кога доведува до самодеструкција.Преголемо ниво на оптоварување со своите грешки може сериозно да ве растресе.
Што се однесува до мене,јас сум од оние што бројат.Да ме праша човек сега кому и што сум згрешила одма можам да почнам да набројувам...а штом е така веројатно никогаш не сум си простила на себеси до денешен ден.
Веројатно полесно заборавам што ми направиле.
 
Простувам, се трудам да преминам преку работи кои некој личноста ми ги згрешила.Е сега во зависност од грешката која ми ја направила заборавам или не.
Во секој случај, генерално гледано, простувам ама ретко заборавам.
Од друга страна па, не се заморувам толку со тоа зошто некој ми згрешил како, што, туку повеќе со тоа ако јас сум згрешила на некого.Тоа многу повеќе ми ја јаде душата.Свесноста дека сум згрешила намерно или ненамерно.
Но eventually ќе си простиме самите на себе.Ќе најдеме некое оправдување или изговор за направеното, бар малку од малку да ја успокоиме нашата душа.
 
Простување себеси, и простување на другите, едно без друго не иде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom