Најкорумпирано првенство и клуб?

  • Креатор на темата Креатор на темата skorpija^m
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Самиот факт што на форумот само неколку јузери, вклучувајки ме и мене во нив, се замараат со македонскиот ни фудбал покажува какво е нашето првенство и фудбал воопшто.
 
дали е решена судбината на Јуве?

не се знае кога точно ќе биди објавена одлуката за судбината на Јуве, Милан и останатите клубови замешани во аферата во Италија, но последните информации за можни трансфери на играчи навестуваат дека е повеќе од сигурно испаѓањето на тимовите во подолните лиги. Али сепак да почекаме на официјална одлука
 
Менаџерот на Јувентус проба да се самоубие

Gianluca Pesssotto, некогашниот играч на италијанската репрезентација и на Јувентус чиј дрес го носеше 11 сезони и во 1996 година со него ја освои и Лигата на шампиони е во тешка здравствена состојба, по падот од вториот кат на кој се наоѓа неговата канцеларија. Тој, од минатиот месец ја врши должноста менаџер на Јувентус, а се претпоставува дека пробал да изврши самоубиство поради скандалите околу наместените натпревари и огромните загуби во кои западна неговиот клуб поради тоа.
Полицијата во својот извештај објави дека Pessotto се качил на прозорот од канцеларијата и скокнал на улицата, притоа паѓајќи врз автомобил и одбивајќи се до друго возило кое надоаѓало. Веднаш пристигнало возило на брзата помош и бил хоспитализиран во болницата Le Molinette со дијагноза - повеќекратни скршеници по целото тело.
Портпаролот на Јувентус Marco Girotto, на новинарите им изјави дека животот на Pessotto повеќе не е во опасност.
само да потсетиме дека оваа недела клубот од Торино ќе се најде пред судот за да се одреди неговата иднина која во секој случај нема да биде многу светла, бидејќи со сигурност ќе биде суспендиран од Серија А. Сепак, Pessotto не се спомнува помеѓу обвинетите за скандалот што го потресе италијанскиот Calcio.



Ке почнат еден по еден да се самоубиваат , а убаво им беше кога знаеја дека им е наместен натпреварот и дека предвреме знаеа дека ќе победат.... абе убо жив шо останал кутриот.
 
Конечната одлука на 10 јули

Италијанската федерација објави дека трибуналот кој го води судењето за калчо скандалот ќе ја донесе својата одлука на 10 јули, еден ден по финалето на Светското првенство. Идниот понеделник ќе се знае судбината на Јувентус, Милан, Фиорентина и Лацио, како и на 26 лица, на кои истотака им се суди за своето учество во скандалот.

Преходните најави беа дека се ќе се заврши до 7 јули, но поместувањето на терминот се должи на тоа што трибуналот во четвртокот на барање на адвокатите ја прекина работата и го одложи судењето за денеска.

"Сослушувањето на сведоците би требало да заврши до 7 или 8 јули. Потоа трибуналот ќе се повлече за да ја донесе пресудата, нешто што очекуваме да се случи до 10 јули", истакна портпаролот на федерацијата.

И доколку се испочитува овој рок, на конечна пресуда ќе мора да се почека, затоа што сигурно дека обвинетите страни ќе поднесат жалба до федералниот суд. Италијаните веќе добија предупредување од УЕФА дека морат да го завршат судењето до 27 јули доколку сакаат идната сезона да имаат претставници во евро куповите.
 
Незнам шо ќе се дешава но Капело веќе си поднесе оставка од Јувентус
 
епа вчера (н.з. 4.7) главниот обвинител ги побара следниве казни, за јуве селење два ранка подоле во Ц-дивизијата и одземање на двете последни скудета, а милан, фиорентина и лацио да се преселат во серија Б плус парична казна.

тоа го бара обвинителот а шти ќе досуди судијата ќе видиме наредната недела во понеделник, но верувам дека тогаш кога италија ќе биде новиот светски првак, казните може да се намалат и да бидат симболични поради фактот што од овие 4 клуба има дури 14 репрезентативци а со селењето на нивните клубови во ранк подоле тие ќе ги напуштат тие клубови а можеби ќе заиграат и во друго првенство а со тоа најмногу ќе изгуби италијанската репрезентација
 
маркетар напиша:
епа вчера (н.з. 4.7) главниот обвинител ги побара следниве казни, за јуве селење два ранка подоле во Ц-дивизијата и одземање на двете последни скудета, а милан, фиорентина и лацио да се преселат во серија Б плус парична казна.

тоа го бара обвинителот а шти ќе досуди судијата ќе видиме наредната недела во понеделник, но верувам дека тогаш кога италија ќе биде новиот светски првак, казните може да се намалат и да бидат симболични поради фактот што од овие 4 клуба има дури 14 репрезентативци а со селењето на нивните клубови во ранк подоле тие ќе ги напуштат тие клубови а можеби ќе заиграат и во друго првенство а со тоа најмногу ќе изгуби италијанската репрезентација

:bravo::bravo::bravo: taka im trebit ko mestet utakmici
 
jas slusnav deka sigurno odat vo c i b serija ama cekajte denovive da kazam konecen odg :)
 
Abe italijanskoto e najkorumpirano. ne za djabe mafijata poteknuva od italija. toa e mafija a ne fudbalska liga.
 
ме интересира дали некој знае дали се преселија во серија б некој екипи од калчо, серија а?
 
Имаме 27 титули и никој не ни може НИШТО!!!другата година ќе имаме 28:baeh::baeh::baeh::baeh:
 
^^GoriLLaZ^^ напиша:
Имаме 27 титули и никој не ни може НИШТО!!!другата година ќе имаме 28:baeh::baeh::baeh::baeh:
Е да.. ако ја броите и таа од Серија Б (ако заврши прв)..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom