Текст од денешен, т.е. веќе вчерашен Вечер...
Би ја купиле ли Ајфеловата кула или некој мост ?!
Подведувач е човек кој намерно погрешно наведува друга личност и тоа најчесто поради своја финансиска добивка. Во блиската историја постојат повеќе вакви, како да ги наречеме уметници во измамата, кои ги вчудовиделе не само измамените луѓе, туку и службите кои работеле на нивно апсење. Ова е листата на десетте најпознати измамници или популарно наречени подведувачи во историјата.
1. Френк Абагнел роден 1948
Френк Абагнел е поранешен затвореник, натрапник и фалсификатор кој цели пет години почнувајќи од 1960 година успеал да фалсификува и да протне низ системот 2,5 милиони долари и тоа во 26 земји. Блокбастерот "Фати ме ако можеш" е базиран на неговиот живот. Неговото прво искуство со измамата му било кога ја употребил мобилната картичка на неговиот татко за да купи делови за кола кои подоцна сакал да ги продаде во блиската бензинска станица по пониска цена. Во тој момент момчето не било свесно дека цената на сметката требало да ја плати неговиот татко, па кога бил соочен со имамата што ја направил, неговата мајка го испратила четири месеци во поправен дом. Откако се преселил во Њујорк, Френк живеел солидно од придонесите кои ги заработувал со мали измами. Еден од неговите најпознати трикови бил ставањето на неговата банкарска сметка на туѓа сметка со фалсификат, па кога клиентот на банката ќе уфли пари, мислејќи дека ги става на сопствената сметка тие ќе завршат на сметката на Френк. Додека банките сватиле што се случува, Френк од својата сметка подигнал 40 илјади долари и побегнал.
Две години, Абагнел патувал низ светот преправен во пилот на авиокомпанијата Пан Ам. Пред да биде фатен во моментот кога требало да се симне од авион, тој се маскирал во доктор. Веднаш потоа почнал да работи како медицинско лице цели 11 месеци без никој ништо да забележи. Потоа работел како адвокат и како професор.
Бил фатен во Франција каде одлежал шест месеци затвор. Од таму бил екстрадиран во Шведска, каде одлежал уште шест месеци. Откако побегнал од затвор и успеал да стигне до Соединетите Држави, полицијата го уапсила, по што заработил 12 години затвор.
Од затвор побегнал маскирајќи се како таен агент на Бирото. Во Њујорк бил фатен и повторно вратен во затвор. Откако отслужил 5 години, федерален агент му понудил слобода, а за возврат требало да и помогне на Владата во откривање на други измамници.
Денес тој раководи со "Абагнел и соработниците", фирма за финансиски консултации и е мулти милионер.
2. Чарлс Понзи роден 1882; починал 1949
Понзи, италијански имигрант во Соединетите Држави станал еден од најпознатите измамници во човековата историја. Иако на многумина не им е позанто името Понзи, сепак сите се сеќаваат на Шемата Понзи, која и денес ја има на интернет во шемите за "Правење пари на најбрз начин". Неговиот живот од најраното детство не е познат иако постојат фабрикувани стории. Познато е дека краток период поминал на Универзитетот во Рим, од каде се откажал, фатил брод и заминал за Бостон, Америка, каде пристигнал со 2,5 долари во џеп. На почетокот работел во ресторан од каде набргу бил отпуштен откако го фатиле како ги краде муштериите допишувајќи им на сметките. Следната работа му била во банка во Канада. Неговот добро владеење со бројките му помогнало да напредува. За несреќа, сопственикот на банката крадел пари од сметки од туѓи сметки за да си ги покрие лошите инвестиции. Тој побегнал во Мексико, па Понзи повторно останал без работа. Откако напишал неколку фалсифкувани чекови и поминал неколку години во затвор, Понзи решил да стане богат. Откако излегол од затвор, Понзи открил купони кои ги добил по пошта од странска земја. Тогаш се сетил дека може да купува странски купони по многу евтини цени и да ги продава во Соединетите Држави за профит од 400 проценти. Така организирал луѓе низ целиот свет на тој начин што сите требало да продаваат купони. Оној што ќе купи 10 ќе може да продаде дваесет на друг, за што ќе заработи 50 проценти повеќе од сумата која првично ја вложил. На основа на таа шема Понзи отворил фирма Секурити Ексчејнџ Компани. Светот на неговите големи инвестици бргу се проширил, па Понзи почнал да живее во луксуз. Со фантастична брзина заработувал пари, но едноставна финансиска анализа покажала дека тој не правел пари, туку ги губел и тоа бргу. Луѓето станале сомнителни, а новинарите почнале да објавуваат негативни работи за него. Сите почнале да си ги бараат своите пари. Веднаш потоа федерални агенти ја затвориле фирмата и сите што инвестирале кај Понзи ги изгубиле парите. Понзи бил прогласен за виновен за измама и осуден на затворска казна. Еднаш побегнал, но набргу бил фатен и повторно вратен. Од затвор бил депортиран во Италија, каде починал во прогон 1949 година.
3. Џозеф Веил Роден 1877; починал 1975
Џозеф "Жолтото момчее Веил е еден од најпознатите измамници во неговата ера. Низ целата негова кариера се верува дека украл повеќе од 8 милиони долари. Во првата работа како колектор тој сфатил дека неговите колеги при собирањето на пари за себе задржувале одреден процент. Тој започнал да ги рекетира, односно им барал процент од нивниот процент за да не ги издаде на газдата. Се користел со лажни дилови за нафта, местел трки, го менувал идентитетот. Еден ден бил доктор Хенри Реуел, геолог кој патувал низ светот и на луѓето им кажувал дека работел во голема нафтена компанија, па ги убедувал да инвестираат во хафатата. Следниот ден бил директор на Елузиум Девелопмент Компани, продавајќи им земја на лековерните. Некогаш се претствувал како хемичар кој можел да копира долари, ветувајќи има на они што ќе му ги доверат парите дека ќе им ги дуплира. Во својот дневник тој напишал: "Желбата да добиеш нешто за ништо е идејата на многу луѓе кои соработуваа со мене и со други измамници како мене". "Просечната личност е 99 проценти животно, а само еден процент човек. Во тој процент ги вложуваме сите надежи. Кога човекот ќе научи - се сомневам дека некогаш ќе се случи тоа - дека не може да добие за ништо нешто, тогаш криминалот ќе исчезне засекогаш.
4. Виктор Лустинг роден 1890, починал 1947
Виктор Лустинг стана познат како човекот која ја продаде Ајфеловата кула. Тој бил роден во Бонемиа, а подоцна се преселил во Париз. Тука станал свесен за својата можност да мами луѓе на своите чести патувања меѓу Парис и Њујорк. Неговата прва измама им била презентира на луѓето машина која може да печати банкноти од по 100 долари. Единствениот проблем бил што можела да печати по една банкнота на секои шест часа. Многу луѓе му плаќале околу 30 илјади долари за направата. Всушнот, Лустинг во машината ставил две вистински банкноти, но откако тие по шест часа ќе излезеле од машината на следните шест часа луѓето добивале само бела хартија. Додека ја откриле измамата Лустинг веќе бил далеку со нивните пари. Во 1925 година додека Франција закрепнувала од војната, одржувањето на Ајфеловата кула бил невиден трошок за Париз. Кога Лустинг прочитал за тоа во весник му дошла брилијантна идеја. Претставувајќи се како доверлив човек на градоначалникот, во еден хотел тој собрал пет сопственици на откупни пунктови на старо железо. На состанокот им рекол дека градоначалникот поради финансиската криза е принуден да ја продаде Ајфеловата кула во старо железо и притоа им посочил дека состанокот мора да остане во тајност за да не се револтира народот. Еден од сопствениците на пунктови Андре Поисон му поверувал на Лустинг и ја откупил Ајфеловата кула како старо железо. Подоцна кога ставил дека е измамен му било срам да пријави во полиција, па Лустинг избегал со парите. Историјата бележи дека Лустинг успеал да го убеди дури и Ал Капоне да инвестира 50 илјади долари во бизнис со него. Тој ги вртел парите два месеца, а потоа му ги вратил на Ал Капоне тврдејќи дека зделката пропаднала. Капоне импресиониран од чесноста на Лустинг како награда му дал 5 илјади долари. Во 1934 година Лустинг бил прогласен за виновен и бил осуден на 20 години во Алкатраз. Во 1947 година тој починал од пневмонија во затворот во Прингфилд, Мисури.
5. Георге Паркер Роден 1870; починал 1936
Паркер беше еден од најпрефриганите измамници во американската историја. Тој заработувал за живот продавајќи знаменитости од Њујорк на неупатени туристи. Негов најомилен објект за продавање бил Бруклинскиот мост, кој го продавал два пати во неделата една цела година. Тој ги убедувал своите жртви дека можат да заработат цело богатство со тоа што ќе можат да ги контролираат патиштата. Повеќе од еднаш полицијата морала да интеревенира тргајќи наивни купувачи кои си поставувале бариери на патиштата.
Паркер ги продавал и Мадисон Сљуаре Гарден, Метрополитан Мусеум оф Арт, Гранттс Томб, тхе Статуе оф Либертѕ и секогаш имал различни методи на продажба. Дури отворил и канцеларија во која имал еден цел куп фалс документи со кои на наивните купувачи им докажувал дека бил сопственик на она што им го продавал. Паркер бил осуден за измама три пати. По третата пресуда во декември 1928 година тој бил осуден на доживотна казна затвор во затворот Синг синг. Последните осум години од животот ги поминал зад решетки.