Не сум знаел дека Весиќ е со фриготехника!

Страшно ако е така…
Мада овие муабети ни се офф-топик… Само делумно се слагам со тебе и Коста…
Не е се во школото! Бар нашето образование е еквивалент на една голема и чиста НУЛА!
Ради некои глупи закони дека децата морало да завршат средно(а тешки дегени има што ни основно не требало да ги поминат!), и ради глупо поставениот систем уште од СФРЈ каде се форсирала гимназија/факултет, а средните стручни училишта биле запоставени и резервирани за слаби ученици.. Дојдени сме до тука!
Стотици и стотици матуранти се вадат секоја генерација! Од 100 дали еден се запишал таму од што сака, од љубов, со интерес!
У право е тој забеганиот Мирослав Петровиќ што ги вика школите “Дебилани”!
А и тие ретките што стварно сакале да научат, не можеле на училиште ради неписмени, партиски подобни пацови, и нула пракса.
(Имаме легендарна, но за жал вистинита приказна у нашиов град, за еден професор Икс што цело полугодие поправал една пегла на час, и кога конечно ја поправил, направил краток спој!)
Тој што сака да научи, ќе научи и без школо!
Тој што го интересира, ќе биде добар мајстор, па не знам колку да е далеку од струката!
Бравар ти е благородна професија според мене! Тешки да имавме бравари повеќе..!
Оние што ги викате “приучени бравари” во нормална земја ни основно не би ги поминале, и би биле само лопатари! А такви си 95% од нашиве!
Добар монтер може да биде и некој со IV-то одделение ако тоа го влече, и учи и работи..
За сервисер ипак треба некоја основа од електротехника и фриготехника… ама пак школото не е пресудно!