Да, малку ме снема тука... Зимава поминавме ок, шо знам, немав проблеми, во спалната едино во поладното ми се мачеше климата ама се навикнав, не ми сметат сега, дури не стам изолација, така ќе ми е. Сметки за струја ок, како претходни години, со мала разлика ради поскапувањето на струјата:
08.10.2021-10.11.2021 - 4984 денари струја
10.11.2021-06.12.2021 - 4721 денари
06.12.2021-05.01.2022 - 7621 денари
05.01.2022-06.02.2022 - 8922 денари (најголема)
06.02.2022-07.03.2022 - 6648 денари
да напоменам дека за прв пат од ко ги имам купено климиве (2018 година) буквално цела зима ги работев на ауто фан, дури и таа во спалната соба која шо ми е проблематична,ниту еднаш не ги ставив на фиксен издув. Во спалната 26-27 степени сетирана, во дневната ФХ35ката 26-27 степени, а WN35ката секогаш еден степен помалку од ФХто, 25-26 степени.....многу често преку ноќ, пред легнување, ќе ги намалам по 2-3 степени климите во дневна, а в спална цела зима на иста температура работи дење ноќе.
п.с. Иначе ова плавово платно ми треба, не цел филтер... Не знам за другите клими ама Митсуво имаат ваков додаток на филтрите ама со тек на време се подсобраа и едноставно го изгубија физичкото својство.
Прегледај го приврзокот 326840