Како мислиш големи загуби? Се работи са куќа, издвоена, а не стан кој од сите страни ја дели топјината со други. 100м2 + Бојлер (4 лица) + топла вода во кујна? Проблем беа вечерните часови кога температурата паќаше до -7. Преку ден се си е нормално.Мило ми е што си го реши проблемот.
Автоматски споено мислење:
Само некако големи загуби имаш за изолирани 100 квадрата?
И btw баферот ќе ти врши работа само ако го користиш како бафер! Т.е. Да биде загреан(напукан) на ефтина струја, па на скапа пумпата да штеди. За жал не мислам дека тоа е изводливо кај тебе оти пумпата не ти постига ни барана температура, а не пак вишоци да грее. Исто и соларни колектори можат да влезат во игра за преоден период.
Тоа е цела наука и бара енормно знаење и искуство,(за пари ич не ни зборувам), и чисто сумњам дека некоја наша фирма може да го изведе на ниво.
А дали сета таа зафрканција е уопште ефикасна и дали некогаш(никогаш?) ќе ги врати парите... друг муабет.
Отприлика вака е програмот: Пон-Пет.: 00ч - 05ч зададена температура 20 степени, 05ч - 08ч зададена температура 24 степени, 08ч - 14ч зададена температура 20 степени и 14ч - 00ч 24 степени. Саб. и Нед.: 00ч - 07ч зададена температура 20 степени, 07ч - 00ч зададена температура 24 степени,
Сметки за ел.енергија (вкупна потрошувачка):
1. 15 Окт. - 15 Ное. - 3.923.00ден.
1. 15 Ное. - 15 Дек. - 5.511,00ден.
1. 15 Дек. - 15 Јан. - 7.124,00ден.
Цела куќа загреана + топла вода, а тоа е вкупна потрошена ел.енергија! Напрај математика ти. Извади ја редовната потрошувачка на ел.енергија која е некаде 1.800,00 - 2.000,00ден месечно па види колку е греењето, а за ладење да не ти зборам (не е ниту 1/3 од греењето).
Бафер сакам баш затоа, за верме на дефрост и да го загрева на ниска тарифа (преку вечер кога има резерва од топ.пумпа, а преку ден да го троши), а башка на баферот што можам да го закачам и соларното.
А она што кажав дека топ.пумпа е идеална за подно греење е баш така. Сега водата ја греам од 46-50 степени. За подно би ја греел од 30-35 степени (Идеално).
А за исплаќање - ова е четврта година - така да тука е негде! Од искуство, моја препорака за нова градба (или реновирање) подно греење со топ.пумпа, а ладење со фен кулери. Само при купување на топ.пумпа задолжително за 2/3 поголем капацитет од тоа што ќе ви препорачаат за да имате резерва затоа што моќноста на топ.пумпа е декларирана за одредена температура (која обично е над 0 степени), а на -10 е на пола. Затоа ако ви кажат 10kW - знајте дека ви треба 16kW или повеќе (за да ги немате проблемите што јас сега ги решавав), а разлика во цена ке биде 2 илјади евра максимум Подобра инвестиција нема!
Последно уредено:

