Златко имам поназад пишано кратко искуство за Heavy, побарај низ моите постови. До сега Heavy има во две куќи кај мои роднини.
Mitsubishi Heavy SRC/SRK 35ZS-W веќе е користена една сезона и се презадоволни. Лани цела сезона температурата беше на 25 степени пошто се постари луѓе, се греат 20тина м2 над гаража со стари дрвени прозори и 10цм стаклена волна на таван и ако се сеќавам добро просечната потрошувачката им беше околку 0,5KWh за цела сезоната.
Mitsubishi Heavy SRC/SRK 63ZR-W е наместена летово, кај друг роднина, да грее над 45м2, без изолација на таван, со гола цигла, PVC столарија и со изолиран подрум. Сеуште не е користена за греење па не можам да споделам никакво искуство. Просторот е практично идентичен со ситуацијата кај мене, оваа сезона ќе може да направам споредба и генерално очекувам околку 25% помала потрошувачка во споредба со мене.
Иначе генералниот впечаток ми е дека Mitsubishi Heavy, се значително поекономични (стандардниот COP ретко каде е под 4, а кај повеќето модели е околку 4,2) со потивки внатрешни единици ама се зависи по која цена ќе ги платиш.
Кога се земаше Mitsubishi Heavy SRC/SRK 35ZS-W беше за нијанса поевтина од MUZ / MZS AP35, плус имаше за нијанса поголем капацитет, беше значително потивка и имаше подобар стандарден COP од 4,26 наспроти 3,88 кај AP, и генерално мислам дека оваа подобра економичност е задржува низ целиот распон на работа, посебно што најголемиот дел од сезоната се грее над 0 степени.
Mitsubishi Heavy SRC/SRK 63ZR-W пак беше лесен избор наспроти MUZ / MZS LN50. Значително поевтина (над 10.000), со значително поголема моќ (PdesignH од 5,4KW и Тbiv на -10 со 5,4KW, наспроти PdesignH од 4,5KWи Тbiv на -10 со 4,5KW кај LN50), со подобар стандарден COP (4,33 наспроти 4,05 кај LN50) и повторно исклучително тивка внатрешна единица. Е сега е за една класа пониска од LN и ги нема луксузните опции за препознавање на луѓе во просторот и сл.
Од друга страна пак SRK / SRC 50 ZSX-W е пандан на LN50, со практично идентични карактеристики и перформанси и иста цена.