Само еден совет, консултирај се со корисници на клима, а не со продавачи, само така ќе добиеш објективен одговор и реално мислење. За жал овде има баш такви неколку души кои се негативно ќе кажат за сите други клими освен клими од нивниот бренд, а за нивниот бренд се најдобро ќе ти кажат на " жими мајка ".Благодарам за помошта, според тебе која е најдобра ? Mitsubishi ?
Автоматски споено мислење:
Haier TUNDRA=Gree ? Gree не модулира како што треба ? или не ?
Јас имам 3 клими, Gree Fairy, Tosot Muse Eco, и Haier Tundra ( сите се 3.5kw ).
- Tosot Muse Eco, знае многу добро да модулира ( барем кај мене, иако јас ја користам во 15 квадрати изолирана соба а тебе ќе ти треба во дупло поголема соба ) иако е произведена од Gree. Климата си е 20 000 денари и си е совршена за таа цена, но колку е добра за поголеми простории како твојата, не знам.
- Gree Fairy, за топлење климата си топли, а за модулација воопшто не ни помислувај, и јас а и други корисници сме потврдиле низ форумов дека не е добра за модулација, во зимските денови во пракса не спушта под 700-800w, што значи си функционира прилично со пали-гаси систем, доколку тоа не ти смета, со неа ќе бидеш стоплен.
За цената, таа е 30 000 денари и имаш 10 години условна гаранција, секоја година освен првата се плаќа 800 денари.
- Haier Tundra, за жал не можам да коментирам како е за греење од искуство пошто ја купив пред 1-2 месеци, но на хартија нејзините перформанси си се супер, има голем број на корисници, има Еуровент сертификат за нејзините перформанси ( другите две клими немаат, тоа ти е сертификат/ потврда од трето лице за точноста на податоците кои што се дадени од самиот производител ).
Еве и една интересна табела направена од друг член " tigar4e ".

	

					
				
					
				
					
				