Со оглед дека нема изолација другар, стара дограма, таа е потрошувачката. Иако некои можеби ќе го спорат ова, но тие се условите.Мојата втора клима
Toshiba Shorai Edge 16,
во куќа,40 м2 неизолиран простор, без пвц,стари дрвени прозорци до 13.02. (за 30 дена) потрошила 430 кв , климата нон стоп работи со ефикасност 100%, темп 24-26,
Фан 2-3.
Дали овие бројки за потрошувачка се во ред.
Во собата сега кога е поладно не можи да добијам темп поголема од 20 степени според термометарот со кој мерам.
Додека беа темп повисоки без проблем добивам 22 степени темп во собата.
Инаку мојата прва клима
Gree Gtech 3.5 kw,
за истиот период потроши во денари околу 2400 за 20м2 соба со пвц без изолација.
Ме интересира повеќе за тошибата дали е ок, како да испитам издув бидејќи тешко постигнува повисока темп во собата незнам дали е ок.
Обиди се на прозорите стави од тие гумиците да не дува од никаде + дополнително на вакви минусни температури можеш дел од нив да ги обложиш на стаклото со 1cm стиропор, ќе ти одбива од топлината колку толку.
Таа клима мислам дека би го греела просторот без проблем, но на вакви температури и со таа квадратура сигурно топлотните загуби ти се поголеми одошто климата може да даде (затоа и тие 20 степени во одредени денови).
Сепак имаме блага зима и можеме да се радуваме доколку и следните се како оваа.
Просторот изолирај го (внатрешно или надворешно) дел по дел ако треба - секако кога ќе си во можност.