Не прави суви дефрости.
Овие твоиве не се суви дефрости. Кај Хансолот сув дефост значи буквално сув дефрост без да истече вода од изменивачот.

Плескање во лице.
Прегледај го приврзокот 281798 Прегледај го приврзокот 281800
Мицубишито ветува 2,3KW на -25 степени, и како што може да видеме и си ги исполнува.
Прегледај го приврзокот 281801 Прегледај го приврзокот 281802
Амберот ветува на -30 цели 3,9KW. А колку испорачува???? 2,3-2,4KW? А за ваков добар математичар како тебе сигурно не е проблем да пресмета колку KW точно фалат кај Амберот.
И толку од кинеската точност а???
Дали веќе имаш инсталација за парно? На која температура е проектирано парното? Многу непознаници имаш кај тебе.....
Генерално, бегај од се што не е Термофлукс.
Ако веќе имаш инсталација сметај дека може да не задоволува котелот на пелети...Кај многу од котлите како што имам слушнато, биле ограничено на 60 степени за водата...Ова може да не е доволно зависно од големината на радијаторите и потребанат топлина во просторијата...
Ако сега ставаш инсталција предимезионирај ги радијаторите...Ако мајсторот ти каже 1 метро, ти стави 3...Ова ќе ти овозможи пониска температура за системот....
Иначе ниту една топлотна пумпа, ниту Мицибуши, Тошиба, Фуџитсу, Грее не ти се исплатлива ако на -7 имаш потреба од 60 степени вода во радијаторите...COP што ќе го извадат во вакви услови е мизерен....