Добро груба цифра е 2000 ден, вероватно 1800-2000, беа потрошени околу 400 кв.
Во собата термометрите постојано кажуваат добра темп секогаш +1 степен од таа на климата па ако имам загуби ваљда и тие ќе бидат првиот симптом дека нешто не е во ред
Јас тука од форумот добивам некои корисни информ. инаку ова ми е прво искуство со греење на клима.
Повеќе ми беше дали се ова е во ранг на оваа клима или нешто е згрешено во монтажа (ако е можно да се згреши) и дали таа работи ок или не.
Можеш уште да видиш на сметката од ЕВН од кој до кој датум е пресметката. Да не е повеќе денови од месец калкулирано...
Денес баш излезе на сајтот од ЕВН сметката за денекмври кај мене, гледам од 18.11 до 22.12....
Удирам математиката 35 дена идат вкалкулирани во оваа сметка за Демекври, а за претходната за Ноември биле 27 дена вкалкулирани.
Епа таа беше 2600 а оваа нормално дупло и фазла, машала 5300.
И така денес зедов дигитрончето, отворив Broadlink апликацијата пошо убаво си брои таму и скапа ефтина тарифа (бар онаа преку ноќ) а и се гледа за секоја недела засебно па од 47ма до 52ра недела само ги исклучив вредностите од деновите кои не ми требаа....и напрајв по една прецизна математика и за Хансол-от и за Мицу-то од 18.11 до 22.12.
Хансол-от за 35 дена (18.11 до 22.12) во
17м2 x 2,1м =
35,7м3 загревано фиксно на 25С потрошил
377.2kWh или според Broadlink апликацијата 1648 денари.
Мицу-то за 35 дена (18.11 до 22.12) во 29м2 x 2,65м = 76,8м3 + навечер спална 14,8м2 x 2.65m = 39.6m3 вкупно
~44m2 или
116,5м3 (3x спрема Хансолот) загревано на 23С дење 22С ноќе потрошил
405.5kWh или според Broadlink апликацијата 1779 денари.
Epa ne si videl greenje so 170w, toa e hiper inverter, ete si pisuva vo prospektot.
Што викаш, тоа е Хипер-инвертер... кај ќе види, немаат такви кај нив во Грее.
Ако ме бараш, дур чекаш види овде од пред ден-два еден
пост од мене многу интересен, да не го имаш скокнато....