Зависи.
Секоја клима која може да загрее со потрошувачка од околку 450W и да даде околку 2,5KW на -7 е добра. Дури и најевтините 3,5 клими би требало да ги исполнат овие вредности. На пример и Хаиер Тундра од 23,000 би требало да биде ОК, доколку работи по спецификации.
Пример, кај Златко просторот во кој што престојува родителот е 17м2. Ако ѕидовите се цигла од 25цм, нема изолација, има ПВЦ и има таван кој не е од трска тополтните загуби, од искуство, се околку 5,2W за 1 м2 за 1 степен разлика. Јужна страна, лепенки надврешни ѕидови, готвење и слично, носат тополни добитоци и ја намалкуваат потребната топлина. Кај него за целиот простор за еден степен разлика има потреби од 17*5,2=72,8W. Еве да заокружиме на 75W.
Дневните температури варираат од 0 до кај 10 степени. Еве да земеме 5 степени како просек. Внатре грее на 25. Разликата е 20 степени од надворешната и внатрешната. Потребната топлина е 20*75=1500W.
На овие температури COP би требало да е од 3,5 кај послабите клими до кај 4,5 кај подобрите.
Во неговиот случај просечната потрошувачка не требало да биде поголема од 428W, еве да заокружиме на 450W.