1. Заборави аутофан ако сакаш добро да се згрееш.
2. Заборави исклучување на клима ако сакаш добро да се згрееш.
3. Намести 24 или 25 степени ако сакаш добро да се згрееш.
секој што ќе ти каже поинаку те лажи, а многу е едноставно да се разбери принципот на работа на инвертерот каде што имаш зададена и постигната температура. Како што постигнатата температура за приближува кон зададената така се намалува потрошувачката и степените на издув па затоа е тешко во целост да се постигне зададената.
Тошибите според мене се многу економични клими кои повеќе се наменети за ладење отколку за греење. Нема да троши ич, ама и греењето е потешко. Мора максимално да ја искористиш ако сакаш повисока температура.
Позицијата на климата има голема улога во тоа како ќе се грееш. Пиша дека ти е наместена во тесен простор, рачунај дека климата нема магија за да пренесува топлина рамномерно низ врати, тесни грла и затоа ќе имаш 2-3 степени разлика од еден крај до друг крај на соба.
Постојат лошо програмирани инвертери кои прават дефрост на 40 - 50 минути без разлика дали е магливо, дали е влажно, суво или ладно. Тука не можеш ништо да спречиш и во никој случај немој да ја гасниш климата затоа што и го пореметуваш процесот. Во тие минути таа треба да го топи мразот што е насобран надвор, па ако ја исклучиш, не очекувај греење на наредното вклучување.
Тошиба Шораи колку што се сеќавам не е некој многу јак модел за греење. 13ка во 30м2 можеби е и преголем залак.
Штета што монтерите кај нас сакаат да прават по 3-4 монтажи во ден и гледаат што е можно побрзо да монтираат клима без да проценат дали нештото што го прават е добро или ќе го заебат купувачот. Плус што сакаат да украдат метро до две бакар, па после се слушаат звуци од надворешна. Нормално дека ќе се слушаат.
За крај, намести поголема брзина на фан, вклучи таму ако имаш Hi Power, намести 24-25 степени, не исклучувај кога прави дефрост, навикни се на звуците, крцкањата, ќе ја поминеш зимата со лесно. (освен ако падни температурата на -20 ќе си вклучиш греалка

)