Ти уствари фалиш он-оф клима. Зошто користиш инвертер не ми е јасно.
Предноста на инвертерот е да прецизно одржува зададена температура, со работење он-оф и 900 вати кои ги фалиш како добра долна граница, добиваш варијација на температура од 2-3 степена можда и повеќе, која не е пријатна, не работи точно, ја качува температурата додека работи повеќе од зададена, потоа температурата паѓа повеќе од зададената, конечно имаш поголема загуба на струја затоа што оди и повеќе од што треба и со често вклучување и исклучување, плус компресорот се троши повеќе.
Ако просечен век на он-оф клима е 10 години, како и на вакви инвертери со лоша модулација кои работат како нив, на квалитетните инвертери со добра модулација е 15-20 години.