Сакам да споделам дека овде научив и како да се употребува климата. Многу важно, потребно и за луѓето и за климите.
Иако секој ќе ја наштелува како највеќе му одговара, има некој услови без кои не би требало да се користи.
Ќе напишам неколку, бидејќи сеуште сум ученик, а би ги замолил моите учители да ме дополнат.
- Климата (топлотна пумпа), треба да се исклучува што поретко, по можност во сезоната, посебно грејната сезона, па и никогаш. Треба само да се мести температурата , повисоки- пониско.
- Насоката и јачината на издувот, се разликуваат , кога лади треба повеќе нагоре, кога грее повеќе надолу. Брзината на дување при ладење треба да е послаба,
на греење средна. При ладење кога дува поспоро подобро ја исфрла влагата. А кога грее, треба топлиот воздух да го упати подалеку од внатрешната единица.
- Внатрешната единица МОРА да се одржува чиста. Филтрите за прашина да се промиваат барем еднаш до два пати месечно. А испарувачот и перката, барем еднаш годишно. Пред се поради здравје на корисниците, а и за ефикасност и трајност на уредот. Убаво е и надворешната повремено да се исчисти.
- Да научите барем теоретски како се монтира, за да можете монтерите да ги насочите што очекувате при монтирање. Без добра монтажа, нема комплетно задоволство и добра работа на климата.
При купување моите постапки беа
- читање форуми
- одредување топлотни потреби- колку климата може да испорача на -7, поубаво на -10 ако се дознае
- колку можам да платам, обично повеќе мора да се плати од првичните желби
- бренд , марка на клима
- карактеристики на моделот
- кој ја продава и кој ја сервисира
- какви услови при продажба би ми понудиле