- Член од
- 3 јуни 2016
- Мислења
- 369
- Поени од реакции
- 642
- Возраст
- 48
На погрешно место бараш одговор!
Јас (и таквите како мене) не можам да направам ранг листа затоа што користам еден климатизер, не ги знам карактеристиките на другите. Можам да напишам практично искуство само за него (иако веднаш ќе се појави некој СЕЉАК, НЕБАЊАТ, ПАЦИЕНТ со навреди), неговите добри и лоши страни (голем удел тука има и монтажата, не мора сè да биде до климатизерот).
Овие што имаат некакви познавања нема никогаш да направат реална ранг листа бидејќи постојано на прво место го ставаат она што го застапуваат, сè останато е втора лига. Нивна основна задача е да продатат повеќе, ги заболе за корисниците.
Затоа мораш сам да се потрудиш, да бараш по интернет, а и тука по форумов барај искуства на корисниците, занемари ги оние неколкумина што постојано промовираат еден бренд, ако треба и со навреди кон другите кои се со поинакво мислење. За да ги препознаеш, погледај кои се три-четворица кои постојано меѓусебно си ставаат допаѓања на постовите (ретко од други ги добиваат), а кога некој ќе напише нешто лошо за нивниот бренд некогаш наизменично, друг пат колективно удираат провокации и навреди.
Great post. Потполно си во право. Клима уред е полупроизвод, не е ТВ,не е машина за перење/сушење. Ќе стане готов производ кога професионални монтажери што знаат што работат не ја наместат како што треба согласно препораките на производителот. И нормално некој со Диплома не ја пресмета големината на клима уредот према потребите на корисникот (најважно при купување), а не како на времето со парното, колку м2 tolku rebra radijatori.
Пазете каде купувате, кого слушате и на кого му верувате. А за ботовите тука на форумот е брука за фирмата што ја застапуваат толку ниско да се паѓа и лаже.


