Ова беше како мој предлог, по она што сите (или најголемиот дел) ми го препорачаа, беше препорака да се оди со 3,5ка во дневна па ако биде потребно со 2,5 (3,5) во спалните.
Така да се насочив да побарам 3,5ки на нашиот пазар до некоја разумна сума од 50.000ден (+- 10%).
Ова е она што можев јас да го најдам, (барем за оние кои што имаат Еуровент)
Прегледај го приврзокот 254064
на табелава горе се подредени по тоа колку kw даваат на -7 според еуровент, иако незнам како Хајер Тундрата? се наоѓа таму кај што е. веројатно дека има некој backup heater па затоа се тие резултати.
Дали има некои други клими што не се во листава а вреди да бидат ? овие што се во боја се (според мене) како подобри од останатите, она што успеав да го најдам и прочитам најдобро од ова горе би бил Panasonic Z12SKE иако е постар модел 2016-2017, е најдобар за цена/перформанси, само еден го имаше на форумов ама мислам дека не е активен членот.
Ви Благодарам на сите уште еднаш.