D
Deleted member 12196
Гостин
Не е работата да се снаоѓаме. Тоа ќе го правиме кога ќе украдеме клима, па мораме да се снаоѓаме... Оваа е платена и тоа прилично скапо. Со монтажа 46 000.Ima trikcina ,ke se snajdat.
Се обидов да се снајдам и со тајмерот, ама засега неуспешно. Има опција само за пали-гаси, не најдов опција за зголемување и намалување на температурата. Не умеам да се снајдам или таква опција не постои.
Уште една работа за која не умеам да се снајдам или не е до снаоѓањето. Подесена на 22° поминува преку 23,5° пред да исклучи. Потоа чека додека температурата падне под 20,5° за да вклучи. Тоа се повеќе од 3° разлика. Овие податоци се од нејзиниот термометар, но исто покажува и на термометар во собата (тој покажува повеќе степени, но исто покажува голема разлика).
Има ли уште некој со U-Crown 12? Да се снаоѓаме и да разменуваме искуства.
И кога ќе се вратам температурата да биде по мерак.




