Види, мојата втора изјава беше за да бидам помек, да не навредам некој од Грее, пошо читате и си слушнав сум бил влезен во системот..... па да не си "почекувам" оти многу пишувам се жалам на форумов....
А првата изјава беше прекинат/пресечен затоа што стоев до сервисерите и тие ги користеа истите зборови, не спомнаа отштекај/откачи/исклучи.
Башка тоа логиката ми вели, треба да отворат кај плочата и компресорот за да го отштекаат, а не само кај кондензаторот и вентилаторот.... ама шознам јас... од страна гледав, затоа и ти пишав дека ќе ти сликам и ќе ти пратам, штом дојдат да го менуваат.
Иако не сакав да им се мешам, тоа дека "може не е до греачот пошо тој грее" беше првото нешто што им го спомнав кога слушнав прекини/пресечи го, им кажав дека решението не е да се исклучи и дека веројатно ќе затреба на зимо, на што ми одговорија дека ќе пуштат налог од Грее СК да испратат нов грејач и да го заменат за ден-два или наредната недела......
Уште еднаш да пишам не ми е проблем што почекувам, ама бар да имав инфо до кога и поради која причина. Тоа што климата не ми е спремна за зимски услови а ми е потребна за да грее болно лице ме држи на штрек и не-рајат.