Оти така за парното на гас?
Ете во Русија, котлите се малку поголеми од нашите електрични котлиња, да речеме како 50 литарски бојлер највеќе.
Мојата тешта, се грее веќе 15 години со таков котел, пред тоа другиот издржал 25 години и што е најчудно стои во кујната

.
И јас на почетокот имав такво мислење за парното на гас ама кога видов дека е стандард во цела земја, навикнав

.
Е сега кај нас ако не си во тие 0,01% среќници кои по некој случај имаат приклучок на гас, да се грееш на боци е скапичко малку.
Не е наодмет некој што има парно на нафта да даде пресметка, реално колку троши, после може да се направи аналогија за плин!