Факт е дека заради 1000 денари силикон и 1000 денари дихт траки многу домаќинства фрлаат 500-600 евра годишно плус на греење.
Факт.
Затоа и го трубам тоа цело време.
А кога се решава грејно прашање важно е да се димензионира добро. Ама едно е станот да има потреба од 4kw на -7, а друго е истиот стан да има потреба од 3kw затоа што е задихтуван како што треба со 2000 денари.
Тоа е разликата меѓу стан кој ќе е бања со клима која испорачува 3.2kw, на -7, и стан кој ќе е "ладно и клима е најглупо греење и лажат сите на клима не се грее" со истата клима која дава 3.2kw на -7, во истиот простор само без дихт траки и 10 туби акрилен силикон. Ете. Толку е. Целиот муабет е тоа.
И тоа задихтуваниот ќе има потивок издув, каде-каде поголем комфор, ќе има помала сметка, ќе има помалку дефрости, ќе има подобра распределба на топлината, подот ќе е загреан, ќе стигне топлината и до другите соби, нема да тресе на максимум надворешната, ќе може да се проветрува кога е чист воздухот повеќе, ќе нема да се прегрева воздухот на таванот и нема да ти жари фацата, а грбот и нозете мраз ладни.
Ете. Ист простор. Иста клима. Два исти стана. Едните благосиљаат инвертер кој им кажа да стават, презадоволни. Свеќа му палат секија недела и зејтин носат во црква за тој што ги измисли инвертерите. Ама со задихтуван стан со 2000 денари.
Другите ја псујат климата. Крв да пљука монтерот. Стално мрзне надворешната. Палат панелка од време на време. Климата работи на понизок цоп, они не се згреани, плус панелката троши, нозете мраз, ако дува надвор внатре како промаја да има, таванот 33ц, подот 16ц, ВЦто ладно, надворешната се корне од работа тресе, дефрости на 30 минути им прави. Сметката дупло, нервоза насекаде. "Како не се грееле на инвертер, еве не прелажаа комшииве", сигурно се мрзнат дома ама така зборат...
Ист стан, иста клима, иста зграда. 2000 денари разлика.