- Член од
- 5 октомври 2016
- Мислења
- 95
- Поени од реакции
- 407
Друже, на иста стране сме. 
Јас знам колкав простор грееш и со каква клима. Секако кубатирата е поважна од квадратурата.
Што праиме кога некој што прв пат се јавува на форумот и бара препорака за една клима за греење во куќа, 80 квадрати, што е можно поевтина?!
Некој ќе објасни што изолација има, дограма и распоред, но повеќето ни тоа не го прават.
Ти, јас или било кој би му препорачал минимум 18-ка, евентуално 24-ка.
Зборуваме за една клима како услов, инаку јас (а верувам и ти) секогаш би препорачал две или три помали, наместо една ѕвер, што би бил и тајфун во исто време...
Но, ете ти таков простор си грееш со една 3.5-ка.
Тој што не разбира ќе лупне една Тундра 18-ка и ќе очекува ист резултат како тебе. За жал нема да го добие. Таа 18-ка НЕМА да стопли 80 м2, независно од кубатурата. Ниту уште една мала Тундра 12-ка ќе промени нешто, особено на зими како пред минатата. Зборуваме за просечно изолирана куќа, се разбира...
Муабетот ми е да не забегуваме со еуфорија дека сме откриле "чудо" од клима за смешни пари. Такво нешто не постои. Од таму заклучокот дека сиромавиот плаќа дупло, или како веќе беше...
Ако и понатаму не сум јасен, еве да поставам прашање до сите колеги тука на форумов: Зошто Haier има модел Cristal Nordic што тера до - 30Ц?
AS12CB2HRA / 1U12JE7ERA
Скоро идентичен компресор, иста кубикажа, малку понова верзија (SNB130FYQMC), ама надворешната има 40 кг, а климата е "крстена" како 12-ка, а не 18-ка.
http://haier-aircon.com.ua/resources/products/20180125150323_8c11393a4b9.pdf
Можеби е послаба од FH35VE што сите тука на форумов ја почитуваме (освен Стрелец
), ама чини 3 пати повеќе од Тундрата 18-ка.
Има и друга обична верзија на Кристал, што нема врска со Нордикот (да нема забуни).
Поентата ми е колку пари, толку музика. Магична Тундра што ќе не стопли сите за ич пари за жал не е измислена...
П.С.: Компресорот од Тундра 18-ка измерен на номинала (60 Hz по стандард), COP=3,29. На колку го форсирал Haier за да фаќа резултати на Еуровент е нивна работа, ама нас како корисници не ни оди во прилог долгорочно...

), ама чини 3 пати повеќе од Тундрата 18-ка.Има и друга обична верзија на Кристал, што нема врска со Нордикот (да нема забуни).