Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
ако си од прилеп или во близината (па и да потрошиш 1000 за гориво пак 2000 си ќар) техномаркет отвараат продавница во прилеп и имаат промоции а баш и тој модел го имаш за 20.999 види си на линков ст. 3Dali moze za mislenje koja od ovie dve e podobra ista cena se so gratis montaza.
http://tehnomarket.com.mk/product/3445744/neo-pure-g12r32-inverter-12000btu
http://setec.mk/index.php?route=product/product&filter_name=71499&product_id=71499
ST ima Landa kompresor dodeka Neo imal Toshiba.
Ili preporaka za nekoja druga so slicna cena.
Moja preporaka 3.5kw klima inverterКој има и ако има каково искуство има со Vivax и Gree инвертер климите?
Ако може и препорака за модел до 30000ден......лично ме влече гаранцијата од 10години на Greе
Гаранцијата што те влече ќе ти завлече плус 8000 денари [emoji23]Кој има и ако има каково искуство има со Vivax и Gree инвертер климите?
Ако може и препорака за модел до 30000ден......лично ме влече гаранцијата од 10години на Greе
Гаранцијата е на целиот уред и не е наведен дел пример компресор туку целиот уред е под гаранција.Кој има и ако има каково искуство има со Vivax и Gree инвертер климите?
Ако може и препорака за модел до 30000ден......лично ме влече гаранцијата од 10години на Greе
При избор на топлинска пумпа со воздух како извор на топлина (клима уред со реверзибилен циклус), потребно е да се испитаат и споредат голем број на технички карактеристики и спецификации помеѓу моделите кандидати во дадена ценовна категорија.
Важни карактеристики кои можат да се споредуваат помеѓу различни модели се:
- COP вредноста,
- видот на фреонот (R410a или R32),
- минималниот, номиналниот и максималниот капацитет на греење,
- распонот на влезната моќност,
- тежината на внатрешната единица,
- протокот на воздух низ внатрешната и надворешната единица,
- бучавата на надворешната и внатрешната единица (звучна моќност и звучен притисок),
- притисоците на потисната и всисната страна,
- видот на уредот за експанзија на фреонот,
- присуство на грејач за компресорот, како и некои други карактеристики.
Овие карактеристики можат да се споредуваат помеѓу моделите бидејќи се базираат на физичко присуство или отсуство на одредени компоненти како и нивните карактеристики.
Од друга страна пак, спецификации кои не можат туку-така директно да се споредуваат помеѓу различни модели се:
- SCOP (сезонски коефициент на корисно дејство),
- Pdesignh (проектиран капацитет за греење при некоја надворешна температура која производителот може сам да ја одреди, а чесно не е прикажана),
- минимална температура на работа (пример: -25°C, производителот сам ја одредува според сопствени скриени критериуми, па доколку некоја независна институција не ја провери, вредноста нема значење), како и некои други спецификации.
Овие спецификации не можат директно да се споредуваат помеѓу моделите бидејќи се бројки одредени во лабораторија поединечно од самите производители, според некои стандарди кои се нови и не се секогаш целосно разработени или строго дефинирани па производителите во одредена мерка имаат можност за манипулирање на спецификациите (кои не претставуваат некаков факт) во нивна корист.
Најзначајните карактеристики на било која воздушна топлинска пумпа (можат да се споредуваат помеѓу различни модели) се:
1. Количина на фреон (повеќе е подобро)
2. Големина на надворешниот топлиноизменувач (може да се одреди преку тежината на надворешната единица, не е важно дали е мал а двореден или голем а еднореден - важна е допирната површина со воздухот, повеќе е подобро)
3. Работен волумен на компресорот (кубикажа, повеќе е подобро)
Практичен пример:
GREE LOMO 3.5 kW vs. VIVAX AERI 3.5 kW
Главни технички карактеристики:
Прегледај го приврзокот 151083
Победник:
1. Фреон: VIVAX AERI 3.5 kW (950 g > 850 g)
2. Тежина на надворешна единица (големина на надворешен топлиноизменувач): занемарливо повеќе VIVAX AERI 3.5 kW (29.1 kg ≈ 29 kg)
3. Компресор: VIVAX AERI 3.5 kW (работен волумен: 9.8 cm3 > 8.6 cm3)
ЗАКЛУЧОК:
Клима уредот има подобри перформанси (испорачана топлинска енергија на ниски температури) доколку има:
1. Поголема количина на фреон
2. Потешка надворешна единица (поголем топлиноизменувач)
3. Поголем компресор (работен волумен)
Клима уредот има поголема надеженост (трајност) доколку има:
1. Поголема количина на фреон
2. Потешка надворешна единица (поголем топлиноизменувач)
3. Поголем компресор (работен волумен)
4. Помала бучава од надворешната единица (индиректно укажува на помали вибрации, помала звучна моќност и звучен притисок)
5. Правилно сечење, изработка и поврзување на цевките помеѓу надворешната и внатрешната единица при монтажа
6. Почитување на најмалата должина на цевките помеѓу надворешната и внатрешната единица при монтажа (обично 3 m)
7. Правилно вакумирање при монтажа