Во контекст на муабетот за економично греење, мене ми е барем битна и цената на грејното тело. За овие скоро 30 години користевме повеќе и различни грејни тела во кои се вложуваат големи пари, за да по некое време испадне "неисплатливо" или непогодно за просторот или не задоволува за собите... Сега гледам плус на тие цени, цените за инсталација испаднаа изгор. Во еден маркет имаат склучено договор со фирми кои вградуваат нови инвертери за 60 евра, 3600 денари
што мислам дека е многу. Пред 6 години зедовме клима од друг маркет, регуларно ни ја вградија за околу 1500 денари. Е сега, дали ќе важи гаранција ако го купам и сам најдам фирма за вградување, треба да ги прашам ама веројатно не.
