Се надевам дека нема некој да се дрзне да дојде до тоа ниво. Ако има релеватни докази за тоа, добро е да се презентираат и тогаш нема што да бараме на овој форум. Се надевам дека овој форум ќе остане да живее и на кој, секој слободно ќе може да го искаже своето мислење во однос на темата, па дури тоа и да не е сосема точно од професионален-сручен аспект. Доколку некому одредено мислење ( кое не е навредливо и сл) не му се допаќа, тоа не му дава за право да го отстранува. Никој нема право да ја попречува слободата на мислата.
Гледам дека Gree.com.mk е во изработка. Се надевам дека ќе изработат веб страна по примерот, еве на пример како бугарската
www.klimaonline.bg со детални и релеватни информации за секој уред поединечно, со цена (се надевам дека ќе бидат реални) со податоци и информации кои ќе бидат во насока на популаризација на грењето со клима уред-инвертер и сл.
Се надевам дека ќе направат солиден исчекор и ќе бидат први кој ќе одат во тој правец. Можеби конечно им текнало, а јас и порано имам кажано-кому ќе му текне тој ќе го собере кајмакот.
Останува да почекаме и да се увериме дека нема да биде онаа народната -„се тресеше гората се роди глувче“.
Поздрав до тие што имаат поинакво размислување и ги повикувам да го искажат, без нелагодност дека некој мозе да го избрише и такво нешто слично.