Здраво на сите.
Како и многу други, веќе подолго време ја следам оваа тема, која патем изобилува со некои сериозно добри информации пренесени од сериозно посветени, професионални и несебични луѓе.
Така, и јас исто се одлучувам да се грејам и ладам со користење на инвертер клима, и ми е потребен вашиот совет во изборот на истиот. Подолу следат информации за просторот каде ке работи климата, како и потесна листа и мое мислење околу изборот на климата:
- Климата ќе се користи за ладење и греење на кујна/трпезарија/дневна од ~35м2 , 2.6 висина (90м3 волумен).
- Станот е на 5-ти од вкупно пет спрата, со тоа што над мене има плоча - 70% од мојот стан е под друг стан-поткровље. Останатите 30% излегува на покрив, кој е изолиран со 10цм стаклена волна, и покрив од дрвена конструкција со штица, терхартија, завршница со пластифициран лим.
- Просторијата излегува на северна страна, 2 прозорци (4м2, ПВЦ дограма Veka, пет-коморна, двојно термопан стакло), ѕидот е гитер блок 25см, изолиран со 10цм стиропор + демит фасада.
- Остатокот на просторијата е опкружена со други станови и остатокот од станот. Ѕирнете ја
сликата тука за некојаси визуелизација

- Ваљда е вредно да се спомне дека сум од Битола каде знае зимските темп. да бидат ниски, иако често пати тој факт знае да се преувеличува кога доаѓа во прашање споредба со некои други градови од Македонија.
Пробав да разгледам и распрашам низ Македонијава кој што нуди од клими, и за буџетот кој сум спремен да го дадам (кој гледам некако достигна 1200 ЕУР), дојдов до следните модели:
-
TOSHIBA Ras18N3KV2-E -
72990
-
Carrier 42UQV050M2 -
63990
-
Mitsubishi Electric MSZ-FH35VE/MUZ-FH35VE 2013 -
63990
-
Mitsubishi Electric MSZ-SF50VE/MUZ-SF50VE -
72990
Бугарски сајтови за референца, наши цени, без монтажа.
Тука ќе застанам, и ќе ве замолам за совет, предлози, лични искуства. Слободно пишете ако има потреба од повеќе информации. Фала унапред!