Expecto Patronum
Citizen Erased
- Член од
- 13 јули 2011
- Мислења
- 1.331
- Поени од реакции
- 3.281
Што очекувате од овај Jupiter Ascending (од креаторите на Матрикс)?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Го има сега и вториот на убава снимка, типични скандинавски крими/трилер филмови. 7/10Случајно дознав дека The Keeper of Lost Causes ќе има продолжение што се нарекува The Absent One, првиот дел беше добар трилер.

Има добра приказна, јаки актери (Мелани Грифит во главна улога), добра сценографија...Нема да пишувам во темата Предлог за добар филм затоа што го имам гледано доста одамна, значи има добри 7-8 години и тоа на ТВ...Ако некој успее да најде торент би му била стварно благодарна... 
И така, филмот за мене беше, а во голема мера е и сега, доживување кое најубаво го примам во киносала. Темница, изолираност од дополнителни дразнења, платно и проекција. Слики и звуци кои раскажуваат приказна и се менуваат по логичен редослед проектирани најчесто на филмско платно. Филмот никогаш не го поврзував со физички објект или нефизички објект - носач на филм: филмска лента, касета, диск, мемориски стик, сликички во секунда, магнетен запис, кецови и нули... И денеска немам култ кон собирање филмови (за дома), освен доколку тоа не е кинотеката. Тука сум посветен колекционер на филмови. Читав за Квентин Тарантино кој, сите знаеме, ја започнал кариерата како видеотекар. Како човек кој сигурно имал изгледано повеќе филмови од што имало во видеотеката во која работел плус како голем познавач на светската историја на филм, на Квентин не можел да не му влезе во очи легендарниот филм на Роберт Алтман КОЦКАРОТ И БЛУДНИЦАТА. Филмот е снимен од Вилмош Зигмонд. Квентин не можел да разбере ништо од филмот зашто во него гледал само бради во темница. Е сега, ако не го знаете Зигмонд , а го знаете Алтман, ѕирнете ја неговата филмографија и ќе ви биде јасно зошто на Квентин му било нејасно како овој филм може да биде еден од позначајните филмови на Алтман и да биде дел од најдобрите филмови во историјата, а тој воопшто не го разбирал кога го гледал во видеотеката. Љубопитноста го држела Квентин и кога станал славен и богат и како таков можел да си дозволи да си купи 35 мм апаратура, за дома, како Тито, и да почне да прави колекција од 35 мм филмови. Јасно ви е кој филм прв го купил и јасно ви е дека откако го гледал во кино сфатил дека првпат го гледа тој филм. Јас пак, инстинктивно секогаш предност му давав на киното пред останатото, а кога би ги извагал предностите и негативностите, домашната проекција секогаш би била во предност. Значи интуицијата е пред разумот и верувам дека проекцијата на 24 сликички во секунда и нивното восприемање преку несовршеноста на окото е многу подобра отколку онаа преку другите медиуми. Одамна имав забележано дека филмовите кои ги гледам во кино ги памтам многу подобро од другите кои ги гледам поинаку. Мислев дека тоа е поради тоа што киното преставува ритуал и дека не одиш во кино секој ден (за разлика од телевизорот која денеска е во секоја соба, а телевизија можеме да гледаме и на телефоните) и се подготвуваш за тоа па потоа во игра е и „со кого си го гледал филмот“ и каде си го гледал филмот и каде си бил откако си го гледал филмот и што си правел после... Значи во прашање се многу социолошки моменти поради кои мислев дека подобро ги памтам филмовите во кино отколку ако го гледам на друго место