Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
gasifikacija kaj nas vo MK ke pocekame malku
se e napraveno so profit i toa ke bide golem profit
Минимум 4 години треба да чекаме, а и тогаш како што кажав ќе си го лапнат профитот и на нас прстот во уста ќе ни остане.
За изолацијата... има една гума ја продаваат по пазарчиња и продавничиња, се лепи од внатрешната страна на рабовите на прозорците, зголемува изолација и од звук и од ладно/топло.
Евтина опција се ролетни, исто така зголемуваат изолација.
Стиропор може да се стави на места каде мислите дека највеќе ви бега топлината. Мислете луѓе, ова е капитализам, нема веќе да плаќате сметки затоа што така треба, секој за себе!
 
знам дека не е прашањето за тука ама пошто сте запознаени со клими, се надевам дека некој знае каде можам да купам поголема количина на фреон за истите. мислам телефон за контакт од фирмата или така нешто, и цени.
може и на пп.
благодарам
 
А дали се нормални тие што упорно не се одкажуваат од Топлификација?

Ни на најголемиот душман не му посакувам во зима да остане да работи на компјутер преку ноќ а да го грее топлификација! Повеќе ќе го згрее топлиот воздух од кулерот...само што и тој нема да работи! :place:
 
Дрва! Ем се грееш ем се мрцвариш ем се чадиш.
Бенефиција: атлетски обликувано тело од цепење и носење + гратис кварцање од чадот...да знаат ова крофниве што идат по третмани и салони ќе се преориентираат на цепење:pos:
 
Прашав во енергија и инверторите се ужасно скапи, со истите пари што ја продаваат Тошибата би зел два Паносоници или Ел Џи со слични перформанси.
Најверојатно ќе купам еден инвертер од споменативе горе од 4 кв, една Нео за во спална и два конвектори за поладните месеци колку да помогнат на климата.

Некој да даде совет за инвертер до 35.000 денари.
 
Прашав во енергија и инверторите се ужасно скапи, со истите пари што ја продаваат Тошибата би зел два Паносоници или Ел Џи со слични перформанси.
Најверојатно ќе купам еден инвертер од споменативе горе од 4 кв, една Нео за во спална и два конвектори за поладните месеци колку да помогнат на климата.

Некој да даде совет за инвертер до 35.000 денари.
Еве директен совет. Не купувај инвертер, туку обичен. Инвертерите се поскапи и покоплицирани, а не добиваш ништо. Купи си две клими.
 
Еве директен совет. Не купувај инвертер, туку обичен. Инвертерите се поскапи и покоплицирани, а не добиваш ништо. Купи си две клими.

Хммм мислам дека не е баш така, факторот на заштеда кај инверторот е најмалку 3-4, плус инверторот функционира технички барем на -15 степени за разлика од обичниот сплит систем кој е дизајниран за -5.
 
Хммм мислам дека не е баш така, факторот на заштеда кај инверторот е најмалку 3-4, плус инверторот функционира технички барем на -15 степени за разлика од обичниот сплит систем кој е дизајниран за -5.
Дали знаеш, технички во што е разлика на обичен клима уред и уред опремен со она што се нарекува, инветрер ? Одговорот е никаква, инвертерот е уред со кој може да се менува бројот на вртежи на моторот?
Инвертерот е многу подобар од обичниот клима уред, но тоа се однесува на удобноста. Обичниот клима уред, ако го поставиш на ладење, на пример на 25 С, кој ќе се вклучи на на 26, а ќе се исклучи на 24 С Значи во просторијата температурата ќе биде помеѓу 24 и 26.
Инвертерот работи сосема поинаку, кога ќе се приближи кон саканта температура, тој ќе го намали бројот на вртежи, а со тоа и капацитетот и ќе одржува саканата температура.
Значи, многу подобро е да купиш инвертер, меѓутоа ако си слаб со пари, и со обичен ќе свршиш работа.
Погледни во Кисела Вода кај Чешма, гледав кинески Shinco, обичен мисам дека беше околу 16 иљади, а со инвертер 29, но не сум сигурен.
 
Просто неверојатно.... има така мала разлика меѓу инвертор и не-инвертор, те обична клима, а во цената редовно вториот е дупло поскап! Ете и во примерот кој го даде, скоро дупло!?.... Ист е примерот и со другите производители. Логички е две клими се поисплатливи од еден инвертер!?
 
Просто неверојатно.... има така мала разлика меѓу инвертор и не-инвертор, те обична клима, а во цената редовно вториот е дупло поскап! Ете и во примерот кој го даде, скоро дупло!?.... Ист е примерот и со другите производители. Логички е две клими се поисплатливи од еден инвертер!?

Јас не би се обложил дека само тоа е разликата, кано мислам дека објасна во некој пост претходно што е разликата помеѓу инвертер и обична клима но не навлегувам во тоа, небитно реков дека мене ми е битен факторот на заштеда зошто не е исто кога би трошел 40 КВ на ден со обична клима и 10 КВ за да добијам иста енергија.

Мене ме мачи зошто е разликата толкава во цена на инвертери со слични перформанси. Тошибата и Ел Џи што го гледав се 4 КВ со фактор 4-ка, но цената на Ел Џи е 32,000 додека на Тошибата 47,000 без монтажа нормално, Паносоникот беше околу 30,000 мислам дека е кинески. Беко за истите перформанси се најдуваше за 22,000 исто инвертер и двата.
Мене ми е јасно дека Тошиба е бест бај клима, но овде се работи за разлика во цена од скоро 50% што не е баш за занемарување, сепак Ел Џи не е толку чорав бренд.
 
Веројатно квалитетот! LG и Beko се со потекло од Турција, првите ‘‘као‘‘ со лиценца на Корејците.... Да, Toshiba послабите модели се тука некаде 45-6,000! Додека Hiperinverter Daiseikai 5 оди скоро дупло 85,000,-.... Послабите модели на Toshiba се произведуваат во Тајланд, додека хиперинверторот е оригинал Јапонски! Погледни ги перформансите негови особено COP факторот - преосечно троши колку 6 светилки (сијалици)... далеку ги надминуваат овие наведените, што реално се трета лига во загревањето... Ист е случај и со Panasonic-от кој се продава во Техномаркет - тоа е кинеско ѓубре, кое добро ќе работи една или максимум две години, а потоа спремај 150+ Евра за компресорот! Познавам двајца на кои им прегоре компресорот по 3 год користење, точно по истекот на гаранцијата (порано гаранцијата беше 2 год)... и тоа и двајцата со приказна дека ги купиле инверторите по 50-тина илјади и дека по потекло им биле од Малезија.... Ми се чини ист е случајот и со LG, Beko.... ке работат добро 2-3 години, додека Toshiba дава 3 години гаранција, а со посочената потрошувачка можеш да очекуваш дека тој модел од Малезија бар 7-8 години нема да изгуби од енергетската ефикасност, додека Daiseikai повеке од 10 години!!!
‘‘Епа сега ти види зошто би рекле овде: Колку пари толку музика‘‘ или зошто Србите би рекле: ‘‘Ако незнаш шта је лепо, питај шта је скупо‘‘.... имаат многу логика и двете поговорки! Дури и во случајот на моите пријатели: Сиромавио двапати плаќа излегува дека е така... (иако тие велет дека не платиле евтино)... Ееееее, ама од скапото имало поскапо.... и многу поубо!
 
@Др.Жмиго и Ел Џи во Нептун има 3 години гаранција ама не е поентата да се расправам по сервиси во Јануари ако ми цркни сред зима, знам за муабетот дека всушност е ист Беко само со брендот Ел Џи.

Видов во Енергија, 90.000 е Даисекаи со СОР над 5 и не ми влегува во буџетот никако. Најверојатно ќе одам со некој од вторава класа на инвертори со бекап конвектори за не дај боже, па ако цркни по 3 години ќе купувам нов.

Прашувам кој би ми бил бест бај инвертор за 35,000 буџет 3.5 кв или 4 кв.
 
Просто неверојатно.... има така мала разлика меѓу инвертор и не-инвертор, те обична клима, а во цената редовно вториот е дупло поскап! Ете и во примерот кој го даде, скоро дупло!?.... Ист е примерот и со другите производители. Логички е две клими се поисплатливи од еден инвертер!?
Разликата не е мала. Обичната клима, за регулацијата на температурата има термостат, а инверторот, тиристорски уред за промена на фреквенцијата, автоматика и процесор. Затоа е таа разлика во цена. Предност на инвертерот е што ј одржува температурата во тесни граници, а недостаток е што е покомплициран и со тоа по осетлив на дефекти.
Битно е дека вакви уреди работат на принципот на топлотна пумпа и затоа се барем 2-3 пати поисплативи од греења со електрични конвертери, радијатори, калолифери, инфра греалки и разни други слични уреди.
Принципот на топлотна пумпа е познат скоро два века, меѓутоа, сега со појавата на овие климатизери, имаа достапна цена, и штета е да не се користи. За цена на два ел. конвектори ќе добиеш еден обичен, најпрост, клима уред, ќе грееш иста површина, а ќе заштедиш многу.
Тоа што има различни цени, од разни производители суштински ништо не менува, сите тие работат на принципот на топлотна пумпа и со сите ќе имаш заштеда. На пример, автомобили има од марка ауди и порше, но има и дација и шпарк. Со сите ќе стинеш во Охрид, но не е исто да се вози порше и шпарк.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom