Да, ако тестот трае 30 минути.Доколку двата модели би биле поставени на тест со максимално оптеретување, разликата не би била голема ни во потрошна ни во испорачана топлина.
Кога работи на максимум компресорот загрева и кога ќе прегрее исклучува како заштита, или ќе биде лимитиран на пониска фрекфенција како не би прегреал.
Заради тоа на нордикот Даисеикаи му ставале бајпас вентили,цевки,ладен фреон на усис во компресор... за да го изладат како би можел долго време да работи на максимум.
Ќе го купи некој во Лапонија и не 30 минути туку 30 дена ќе работи на максимум

Не е исто, со тоа што ќе купиш 7ца клима не значи дека си добил исти перформанси како нордик клима.
Минимум капацитет на греење, битна работа од тоа зависи модулација.
Со вакви квалитетни клими како Перфера или Даисеикаи нордик не мора многу да се мислиш за правилно димензионирање.
Си ја ставил во просторија со мали топлотни загуби, нема проблем климата има низок капацитет на греење како 2ка ќе работи без пали/гаси и ниска модулација.
Си ја ставил во просторија со големи загуби, без гајле има максимален капацитет на греење како 7ца...

Го добиваш најдоброто од двата светови.
