Здраво дечки на сите.
Ќе ве замолам за совет... колку и да звучи глупо ако прашам нешто без везе... пошто стварно немам везе во инвертери
Една недела гледам модели и карактеристики, али врска немам што значат
Сакам да земам 2 клима инвертери. Иако цела куќа ми е покриена со парно на дрва, сепак, стара дограма, нема изолација и тн... на -15, -20, колку и да буташ дрва во котелот, повеќе од +18 не може да достигни
Сакам еден инвертер за во спална соба од 16 квадрати и еден инвертер за во пуштена просторија од 32 квадрати.
Јас сакав да одам со 2 инвертери 3 и пол-ки од по 25 000 денари... ама ме советуваа, дека во големата соба нема да затоплува доволно, пошто и онака сум давал пари, уште малку (уште 15 000 ебаго

) да сум потрошел и да сум земел 5 и пол-ка.
Па сеа, имало и грејачи на компресори, грејачи на кондензат... па не знам то што. Читав, читав, читав на форумов... над 3000 страници се, не може човек да дочита
Еве, конкретно на klimi.mk гледам, да ве замолам, дали некој може да ми објасни што значат овие карактеристики :
- ЕНЕРГЕТСКА КЛАСА (SEER/SCOP):
- МАКСИМАЛЕН КАПАЦИТЕТ НА ЛАДЕЊЕ / ГРЕЕЊЕ
- ПРОСЕЧНА МОЌНОСТ
- ВЛЕЗНА МОЌНОСТ ЛАДЕЊЕ / ГРЕЕЊЕ
Од форуми, читање по интернетов, научив само дека
SEER/SCOP, што повисока бројка имаат, тоа подобро.
А влезната моќност на ладење / греење? Тоа е колку "трга"? Што помали бројки, тоа помалку троши... или?

Уште еднаш, колку и да звучи глупо, се извинувам, пошто стварно врска немам
Друга работа... читам по форумиве, многу ги фалат VIVAX, но AERI серија... а има еден куп различни серии

AERI, AEMIS, AEQIS, REII... ќе ве молам за појаснување... што ова значи?
На што конкретно од карактеристикиве треба да обратам пажња?
Дали некој може да ми препорача модели што веќе ги користи и е задоволен? 3,5kW и 5,5kW?
Друга работа, какви се филтри има? Што значи Био филтер, Cold catalyst филтер? За прочистување на воздухот е тоа... или?
Се надевам дека некој ќе оддели некоја минута време да ми ги појасни работиве.
Фала ви