Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Ти секогаш за се имаш прв одговор!!!На училиште правеше исто, секогаш прв креваше рака?! Мислам дека е време да спушти некој онаму каде што припаѓаш! Мислам дека воопшто немаш познавање од она што се дискутира на оваа тема,т.е. инвертер клима уредите..Некои од постарите и поискусни членови пробаа да ти укажат на тоа но гледам дека не успеа! Ако на роднината му траела 7год климата на комшијата 15год и уште му работи, не значи дека векот на ивертерторот ќе трае исто, и како само спореди пак не ми е јасно како успеа да пресметаш 10-15год, аха ми текна 15+7=22/2=11 год што спаѓа помеѓу 10и15год, а што е климата на ЛГ на членот од пред неколку страници што се расипа после две години по истекот на гарнцијата таа не кладе во пресметката. Јас немам појма колку им е векот и не одговарам, а не како што ти го правиш одма даваш одговор врз база на комшијата и роднината, смешно... Гледам и одма почна да даваш совети кои клима уреди да се купат
Jas bi go odbral DAIKIN odlicen model i dokazan kvalitet iako i CARRIER ne e losa klima no sepak jas bi odel na DAIKIN, ќе ти текне ода каде е ова, и потоа кога @Strelec ќе одговори и ќе извади некои информации (којзнае ли од каде само ги вади :) дека Daikinot не е добар правел дифрости одма ќе го спукаш и него, како повеќето што прават без никакви аргументи, кои ни ги имаш ни ги познаваш во врска со инвертертите...Најлесно е дај предлог и ако стрелец напши нешто нападни го, пошто нели сите така прават..Во конкретниот случај тој ти го напаѓаш и му викаш дека ништо не чинело според него ако не е Gree.. човекот никаде не ни спомна не ни предложи gree клима ако и та се споменуваше... А да моделот на Даикин го имал твој пријател и одлично греел кај него, а кога друг член @GT1 реплицираше дека пријателот се грее од комшиите, бидејки споменатата клима дава само 2кв на -15 и 2,48кв на -7 степени, одма се навреди и рече дека грее одлишно кај него...
Да резимирам мислам дека многу трчаш КАКО ПРЛЕ ПРЕД МАГАРЕ, а немаш основни познавања(топлински загуби, еуровент, моќност на клима уредот, да не зборувам за компресори изменувачи, тоа е нуклеарна физика за тебе) а со тоа даваш погрешни заклуцоци и одговори.. Остави им го тоа на поискусните членови(немој да мислис дека јас се ставам во тој кош).Тебе другар ти кажа еден член ама изгледа не го разбираш и него, ти доволно да даваш мислење за твојата клима, стави еден мерач на неа да видиш- видиме колку троши.. И во кои услови..не само термофасада 55м2...
Поздрав
Има некаде од производител работни час и сл?...инаку и тие не се за верување може ги пумпаат и се само теоретски просеци итн...што се однесува на мене една рокна после 7 години интензивно користење а од скапите беше другите 10-15год работат ок ама малку се користени и се обични и ефтини...за новиве појма немам ваљда исто?
 
Некој Тајфун или греалица со дување дали е некакво решение и кај можит да се најдит дали знаеш. Кичево само панели има
Не помага тајфун и тоа пробав, само струја ждере го имам во магацин, така седи. За греалици не знам , може некој од форумов ќе пише нешто од искуство.
 
Должината на работниот век на една клима зависи од факторите како:
- квалитет
- одржување, затната внатрешна клима многу повеќе се оптеретува за да постигне иста работа како и чиста клима
- начин на користење, дали е максумум оптеретена 100% од времето - пошто некој сакал да заштеди, и земал модел со помала моќност, и дали си работи 24/7 на догревање или ја пуштаат секој ден од негреано да загрее до 25с
- тек на крај иде среќа (или несреќа), или како што тоа „стручно“ го објаснува колегата Клима-неред: „zavisi KAKO KE SE POGODI:)

...Мислам дека воопшто немаш познавање од она што се дискутира на оваа тема,т.е. инвертер клима уредите..
...
Да резимирам мислам дека многу трчаш КАКО ПРЛЕ ПРЕД МАГАРЕ, а немаш основни познавања(топлински загуби, еуровент, моќност на клима уредот, да не зборувам за компресори изменувачи, тоа е нуклеарна физика за тебе) а со тоа даваш погрешни заклуцоци и одговори..
Џабе се трудиш, Клима-неред си има визија за „помагање“. И јас е обидов да му предложам како навистина да помогне (ни треба некој да евидентира листа со кориснички искуства), но момакот се прави дека не разбира. Повеќе љуби да спамира лоши „совети“.

Но тоа е така на сите форуми, секогаш има такви што лупаат глупости и прават штета. Прва и основна работа на секој што истражува некоја нова област на нет, е како да ги препознава таквите копрофагичари.
Е сега тие што не ги препознаваат таквите... Епа прилично ќе се заебат. :coffee:
 
Должината на работниот век на една клима зависи од факторите како:
- квалитет
- одржување, затната внатрешна клима многу повеќе се оптеретува за да постигне иста работа како и чиста клима
- начин на користење, дали е максумум оптеретена 100% од времето - пошто некој сакал да заштеди, и земал модел со помала моќност, и дали си работи 24/7 на догревање или ја пуштаат секој ден од негреано да загрее до 25с
- тек на крај иде среќа (или несреќа), или како што тоа „стручно“ го објаснува колегата Клима-неред: „zavisi KAKO KE SE POGODI:)

Џабе се трудиш, Клима-неред си има визија за „помагање“. И јас е обидов да му предложам како навистина да помогне (ни треба некој да евидентира листа со кориснички искуства), но момакот се прави дека не разбира. Повеќе љуби да спамира лоши „совети“.

Но тоа е така на сите форуми, секогаш има такви што лупаат глупости и прават штета. Прва и основна работа на секој што истражува некоја нова област на нет, е како да ги препознава таквите копрофагичари.
Е сега тие што не ги препознаваат таквите... Епа прилично ќе се заебат. :coffee:
Убаво си кажа. 2-15 години 80-90% од климите груба проценка?
 
Последно уредено:
Не помага тајфун и тоа пробав, само струја ждере го имам во магацин, така седи. За греалици не знам , може некој од форумов ќе пише нешто од искуство.
Фала ти друже, значи само клима е спас
 
^^
За дуќан? Со индустриски цени на струјата?
Па уште прашуваш. :)

Убаво си кажа. 2-15 години 80-90% од климите груба проценка?
„Груби проценки“ се бескорисни. Груби проценки се како тие од Клима-неред: „zavisi KAKO KE SE POGODI“. :)

Објаснив погоре, сите тие фактори треба да се земат во обзир (а сигурно има и додатни). Квалитетот на климата, начинот на нејзиното користење, колку и дали долго време се преоптоварува на макс јачина, дали се одржава, итн... Сето тоа влијае, и резултатот може да варира од краток работен век, до долг работен век.

Или ај вака ако ти е полесно: Ако дома ти требаат 4.5 киловати моќност за греење, не купувај 3.5 киловатен модел на клима, купи појак (5ка). Не ја гаси, туку остави ја да работи 24/7 и да догрева наместо да загрева. Одржувај ја правилно климата.
Прави го сето тоа, и со малку среќа климата ќе те служи многу подолго време од периодот потребен за самата себе да се исплати (во однос на претходното скапо греење).
 
Gerald's game е пријатно изненадување. Иако на почетокот се чини дека приказната е очигледна тоа воопшто не е така
 
Фала ти друже, значи само клима е спас
Да, како инвестиција значително е поголема ама за извесно време ќе се исплати а конвектори ќе си купуваш на 4-5 години, плус комоцијата.
 
Ма ќумбе на дрва...никад нема да се расипе или камин ни бомба не го руши...
 
Gerald's game е пријатно изненадување. Иако на почетокот се чини дека приказната е очигледна тоа воопшто не е така
И мене ми беше добар. Додека гледав не, после тоа...
Мада, крајот заеба се. Глуп беше ептен.
 
пред неколку денови направивме едно тестирање на тајфун од 30KW во отворен простор и не се мереше постигнатата температура туку колку време ќе издржи тајфунот константно да работи и на мое изненадување работеше околу 11-12 часа (а очекувањето беше дека ќе биде двојно помалку според некои пресметки од тоа колку KW дава еден литар ПЛИН) со една боца од макпетрол од 18-20 литри незнам точно колку беа ама стандардна боца беше од оние кои ги користиме за во кујна.

тајфунот беше идентичен како овој на видеово https://www.youtube.com/watch?time_continue=11&v=fVhBMZImtY8

та ако може да дадете мислење јас сметам дека е доста економично .
 
Jas porano koristev plunska grealka i mozam da go kazam slednovo
Za toplenje ok e no mnogu mirisase na plin vo prostorot poradi peckata se pojavuvaa sitni kondes kapki od sogoruvanjeto na plinot
I ne bese bas ekonomicna mesecno trosese 3 plinski boci od 10 lit
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom