Најдраг/најскап предмет што го имате изгубено?

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Најдраг предмет:па си ја загубив алката што си ја купив од Црна гора беше рачно изработена а си ја купив 5 евра.
Нај скап предмет:Златно ланче од 250евра.
 
Новчаник што ми го подари една драга персона , преубав ми беше, го добив поклон за роденден пред 2 години, и го изгубив со 100 евра внатре, на ден кога ми пишаа казна за поминување на црвено светло, со сите документи:helou::pos2:
 
една од обетките што ги добив за матура од најдобриот другар...многу ми е мака, се уште се надевам дека ќе се појави од негде:cry:
 
можда не е скап предмет (прстен титаниумски) шо ми го даде една многу драга другарка :(
 
Пред 7-8 години адидас фудбал.
 
Најскап...хммм па и не сум изгубила нешто такво,мада ако се соберат сите пати кога сум губела клуч и кога ми се правел пак,ќе испадне мало богатство.
Најдраг...хммм,со оглед на тоа што претежно губам ситници би требало да е едната обетка што ја изгубив во школо и за која што до ден денес жалам затоа што ми беше подарок од баба ми.
Отприлика тоа е.
 
Најскап неам...ама еден од подраги предмети иам изгубено...црната маица со 16 крако сонце и ликот на Александар...и уште неможам да си ја најдам:(
 
Златна алка уште кога одев во градинка...
 
еден новчаник... имав 400 денари внатре ама поважни ми беа сликите шо ги имав :( и имав легенда од пијалоци-од кој пијалок за колку време се отрезнуваш :pos:
 
Не се врзувам за предмети, ниту за нивната скапотија. Ако требало да го изгубам, сум го изгубил. Џемпер на пример, го врзав на точак и попат го изгубив, не е најскап ниту најдрагоцен ама морав да купам друг џемпер. Инаку како сум стиснат, тешко нешто да губам од предмети. Икономиста.

Далеку поскапи ми се доста луѓе кои сум ги изгубил, не само оние кои починале туку и личности сум изгубил како другари, пријатели...во животот од разни причини. Повеќе мака ми е за ова.
 
Кошула:pipi:
Кошулава не беше ич скапа(300 ден беше) али ми е криво што ја изгубив на првото носење и после коа бев пак да купам немаше више:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom