Најдобри твиотви

  • Креатор на темата Креатор на темата Gunner_L
  • Време на започнување Време на започнување

Gunner_L

Lord , Lord Bendtner
Член од
7 април 2009
Мислења
922
Поени од реакции
500
Знам дека голем дел тука на форумот твитетерџиите не им се баш омилени личности , но реално гледано има доста интересни твитови , па макар биле и исмевање на нашата мила Македонија.
Па самиот наслов кажува сите твитови кои ви се интересни, креативни и слично може да се постираат.
Ако има слично delete.

Eве некои:
-Си ја средив собата. Сега само уште животот…
-Знаеш дека си од Македонија кога елката ти е накитена само од едната страна.
-Домашна слава повеќе од светска слава. Поубаво ќе се најадеш.
-Колку ви е старо детето? Па еве овие избори ќе му бидат трети.
-Ќе ја зимаш ќерка ми?
Не само разгледувам!
-Мене ми е најтешко три дена после карање ко ќе ми текне што се сум можела да кажам
-Како шо ни е тргнато у државата,и трите точки ќе прозборат
-Сликите од домот Гоце стигнаа на сите медиуми во светот, сегде не пишува по уставно име. Уште еден успех за Македонија!!!
-постојат развиени држави, држави во развој и држави со пречки во развојот. ние сме меѓу водечките барем во една категорија.
-Продавам бубрег. И тоа не е се`, ако се јавите веднаш добивате и камења!
-Толку сум убава што сама себе си купувам пијачки
-Македонија има море. И мори
-Кога ќе раскинеме јас ќе и најдам нов дечко за да не ме брука со некој сељак
 
Ова твитеров треба да се укине дефинитивно
:facepalm:

Ај ок сфаќам да ти е глупо али зашто да се укине? Сакам вистинска причина, не без везе само дека ти е глупо, дека е трошење на време или слични персонални причини. Ти смета како начин на комуникација и поврзаност помеѓу луѓето? Или те нервира само македонската твитер заедница? Не сум некој твитер фанатик ама ме интересира зашто сакаш да укинеш ете.
 
Ni gi unistija decata, decvoto ni go unistija, ne igraat topka veke, site tabletite !!!11!

Луѓе, 21 век е, светот иде напред. Генерациите исто. Помирете се со тоа.
 
Ni gi unistija decata, decvoto ni go unistija, ne igraat topka veke, site tabletite !!!11!

Луѓе, 21 век е, светот иде напред. Генерациите исто. Помирете се со тоа.
50 години од сега:

Ете ова интернационализацијава ни ги уништи децата сите по Марсои,Меркури одат, само со тоа чиповите во мозокот, никогаш нема да го знаат чувството како е додека седиш на тоалет да играш флепи брд и да ја слушаат Ники Минаж..еееех младост :(
 
Ај ок сфаќам да ти е глупо али зашто да се укине? Сакам вистинска причина, не без везе само дека ти е глупо, дека е трошење на време или слични персонални причини. Ти смета како начин на комуникација и поврзаност помеѓу луѓето? Или те нервира само македонската твитер заедница? Не сум некој твитер фанатик ама ме интересира зашто сакаш да укинеш ете.
Ми смета тоа што е полн со изроди како овој
tviter-kalendar-13.jpg

Со цел памет прават календар, пробуваат да бидат нешто креативни, човече ликот се сликал со колбавчето и ти мафта. Ако ова тебе не ти е глупо, тогаш незнам за тебе што е глупо.
tviter-kalendar-14.jpg

За овој па со зајчето да не зборам..
 
Јако како плукате по твитерџиите, а истите луѓе се. И таму (на твитер) и ваму (на кајгана). Некои од твитерџиите дури и во влијателни ги стаивте (овде на кајгана) и покрај тоа шо немаат постирано у хит на денот со години. Неко меџу нама није наш!
 
А бе видете му го јузернејмот па после зборете :D

Ултрас, брат, и женски календар има. Најсериозно не ни имав видено некоја од сликиве се додека ти не ги постираше.
 
Значи не му смета твитер, му сметаат луѓето. Не е крив медиумот, луѓето ти се криви. Ова исто како да мразиш мобилни телефони, зашто истите луѓе ги користат. Ти ако сакаш не ги следи, немај твитер и нема да ги гледаш и читаш. Едноставно е.
 
Smesni se. Ako gi biras ti za pastiranje ovde - produzi.
 
Ај ок сфаќам да ти е глупо али зашто да се укине? Сакам вистинска причина, не без везе само дека ти е глупо, дека е трошење на време или слични персонални причини. Ти смета како начин на комуникација и поврзаност помеѓу луѓето? Или те нервира само македонската твитер заедница? Не сум некој твитер фанатик ама ме интересира зашто сакаш да укинеш ете.
Како му рипна еј... :ROFLMAO:
 
-Мене ми е најтешко три дена после карање ко ќе ми текне што се сум можела да кажам

No shit, Sherlock. Сите се ужас, ама ова башка комбинирано со женски “хумор“ е врвот. Retweet и favorite и прават бидејќи сакаат да и го стават, не дека кажува креативни работи.
 
јас па од секогаш сум се чудел покрај толку секс, сликање пејсажи за на инстаграм и сркање нутела, кај наоѓат време за такви смешни твиотој да пишат
 
Значи не му смета твитер, му сметаат луѓето. Не е крив медиумот, луѓето ти се криви. Ова исто како да мразиш мобилни телефони, зашто истите луѓе ги користат. Ти ако сакаш не ги следи, немај твитер и нема да ги гледаш и читаш. Едноставно е.
Ти си гарант овој што мафта со колбавчето.:icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom