Најдобри приватни мобилари?

Јас да ги пофалам Мобеликс (кисела вода) одлицно искуство до сега ( 4-5 телефони земени)
 
Некој да каже Моби Смарт во Аеродром дали е добра мобилара?
 
Постои ли некаде у Скопје сервис којшто има екран за Samsung s6 gold? :)
 
Mobelix - најдобро искуство. До сега земени 10-тина телефони, почитуваат гаранција, имаат човечки однос и супер цени.

MobilPorto - најлошо искуство. Ми шитнаа S7 Edge со сериски број кој не го препознава Samsung (непостоечки) и кој се разликуваше од софтверот во телефонот и задниот дел на телефонот. По 30 минути користење ми се појави Security Warning и по рестарт телефонот се заклучи и не се подигнуваше. Иако одма им се јавив и им го донесов следното утро - не сакаа да ми го сменат, ниту да ми вратат пари. Наместо тоа, ме набедуваа дека јас сум го флешувал, сум го рутирал, не знам што... По 2 часа расправање, закани за инспекции и тн. - конечно попуштија и ми дадоа друг телефон.
 
Niko fon nekoe iskustvo? Sakam iphone da kupam od tamu dali se poskapi od drugite nekoe mislenje
 
Имав со АјБутик лошо искуство. Имам Ајфон 6. Ми се скрши стакленцето. Побарав на интернет каде има најповолно и најквалитетно да се смени. И ги видов АјБутик. Го однесов, ми го сменија само стакленцето.
И сега кога ќе го стиснеш дисплејот одозгора како да остава дамка (само кога го стискаш). Демек имале машина за лепење стакленца. Катастрофа невидена. Од стакленцето до дисплејот има разлика 1 см. Откако го земав телефонот бојата на дисплејот не ми е како што е оргиналната боја. Се пожалив и ми рекоа дека само стакленце е менувано.
Можно е да ми го земале оргиналниот дисплеј и да го замениле со нивни неоргинал. А го однесов само за стакленце, нели дека е поефтино само стакленце да сменам.

Никогаш више во АјБутик. Мизерија!
АјБутик = АјШит!
 
Прекинав да купувам мобилни телефони од мобилари. Или на договор од оператор или од Сет или Нептун. За Самсунг само операторите, Сет и Нептун се овластени, се останато е "жими мајка".
 
Прекинав да купувам мобилни телефони од мобилари. Или на договор од оператор или од Сет или Нептун. За Самсунг само операторите, Сет и Нептун се овластени, се останато е "жими мајка".

сет ми шитнаа еднаш фаличен таблет пред едно 3 години што се рестартира секои 10 минути вратен и тоа од некој друг, па јас морав да го враќам пак, тие немој да мислиш дека се светци.
 
сет ми шитнаа еднаш фаличен таблет пред едно 3 години што се рестартира секои 10 минути вратен и тоа од некој друг, па јас морав да го враќам пак, тие немој да мислиш дека се светци.
И јас добив фаличен S8 од нив, го купив во петок, приметив во сабота дека имаше проблем, па во понеделник веднаш го заменив за нов. Како и да е, кога го купуваш од мобилара имаш 1 година гаранција од нив, вака имаш 2 години гаранција од овластен сервис. На пример наградната игра што беше самсунг наградува, IMEI бројот на телефон купен од мобилара не го препознава на страната.
 
@krale едно прашање, имам Самсунг Галакси С3 и Самсунг Галакси А5 2017 со пукнати екрани. Според тоа што можам да видам, екранот е океј и на двата уреди, само стаклото е скршено.

Дали менувате само стакло, или треба цел екран? И што е попрепорачливо?

Исто така, колку би чинела промената и за двата уреди?

Ти благодарам.
 
Mоже и кај двата стакло, пиши ми на лична порака или помини...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom