Најдобри голови и изведувачи на слободни

  • Креатор на темата Креатор на темата SVER4e
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар изведувач на слободни удари

  • Бекам-Реал Мадрид

    Гласови: 41 17,2%
  • Роналдињо-Барселона

    Гласови: 19 8,0%
  • Накамура-Селтик

    Гласови: 6 2,5%
  • Жунињо-Лион

    Гласови: 91 38,2%
  • Роберто Карлос-Реал Мадрид

    Гласови: 16 6,7%
  • Некој друг (кој?)

    Гласови: 65 27,3%

  • Вкупно гласачи
    238
БОље слободен ... од Жунињо шо ќе пукне од 60 метри... незнам дали некад ќее има ...
ама исто..Зидан.. шутираше во аголот кај што седи голманот... и меѓу раце им ги фукаше... најбоље... ѕвер хаха
и Тиери Анри.. одлично изведува ... знае да пласира..да ја пукне... само мал пропуст во ѕидот да има ииии.... голлл :smir:
 
Од пензионираните дефинитивно еден и единствен-СИНИША МИХАЈЛОВИЧ:vozbud::vozbud:
Од активните на Жунињо му нема рамен,кој Педерано,кој Тоти(глумицата):pos2:кој бакрачи.
 
Жунињо и Дани Алвеш..
 
Од пензионираните дефинитивно еден и единствен-СИНИША МИХАЈЛОВИЧ:vozbud::vozbud:
Од активните на Жунињо му нема рамен,кој Педерано,кој Тоти(глумицата):pos2:кој бакрачи.
Добро бе кажи ако кажуваш, што ги навредуваш другите.
 
Гласав за Beckham моментално можеби не е во форма ( не е од коа отиде во реал :S ) но додека играше во Man U немаше слободен во рамките од 20 до 30 метри он да го промаши !!!
 
Спектакуларните изведувања на слободните удари живеат долго во меморијата на светската фудбалска јавност, во подолжение, најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата, поради нивниот талент и чувство за постигнување на погодоци надвор од шеснаесетникот по прекини.
15. Алваро Рекова (Уругвај)
Еден од многуте фудбалери со потекло од Јужна Африка кој имаат неверојатен талент за изведување на слободни удари. Во продолжение Топ10 постигнати гола од слободен удар - во режија на Рекоба.



14. Џанфранко Ѕола (Италија)
Еден од ретките Италијанци кој успешно настапувале во Англија. Во продолжение погледнете го голот на Ѕола против Тотенхем постигнат од слободен удар во 2003година...


13. Хуан Роман Рикелме (Аргентина)
На видеото подоле, Хуан Роман Рикелме ве учи на неговата техника за изведување на слободните удари.


12. Диего Марадона (Аргентина)
Фудбалскиот бог во Аргентина. Можеби еден од најдобрите фудбалери во велокупната историја на фудбалот, кој секако во осумдесетитие години жареше и палепе со неговите слободни удари.


11. Хозе Луис Чивалерт (Парагвај)
Парагвајскиот фудбалер со ретко виден талент за изведување на слободни удари, кога станува збор за голманите.


10. Кристијано Роналдо (Португалија)
И покрај тоа што е релативно ново име на сцените од спектакуларните изведувања на слободните удари, Роналдо воодушеви голем број на фудбалкси фанови со неговиот специфичен стил на изведување.



9. Зинедин Зидан (Франција)
Еве го еден од најдобрите фудбалери кој ги бранеле боите на Франција, а секако и еден од најдобрите изведувачи на слободни удари.




8. Алесандро дел Пиеро (Италија)
Италијанската легенда, и специјалист за слободни удари. Со неговите погодоци од слободните удари донесол голем број на победи како и за Јувентус, така и за репрезентацијата на Италија. Компилацијата од најдобрите слободни удари изведени од Дел Пиеро можете да ја погледнете на видеото подолу.


7. Зико (Бразил)
Легендарниот бразилски фудбалер секогаш ке остане запаметен по неговиот неверојатен талент за изведување на слободните удари. Во периодот од 1970 до 1980, Зико едноставно ги "закопуваше" голманите на линијата кога изведуваше слободен.


6. Роберто Карлос (Бразил)
МОжеби не беше редовен стрелец на слободните удари, но кога ке подогеше тоа го правеше со стил. Кој може да го заборави неговиот магичен гол пртив Франција во 1997година?


5. Роналдињо (Бразил)
Еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во новото време. Јавноста повеке се запозна со него по неговиот слободен удар против Англија во 2002год на Светското првенство со кој ги елиминираше Англичаните. Потоа направи трансфер во Барселона.


4. Шунсуке Накамура (Јапонија)
Најдобриот изведувач на слободни удари со потекло од Азија.


3. Синиша Михајлович (Србија)
И покрај тоа што неговата природна позиција беше одбранбен играч, Михајлович беше "убиствен" со неговата лева нога.


2. Дејвид Бекам (Англија)
Кој друг ако не Бекам? Не е важно дали го сакате или го мразите, но ретко кој може да погодува слободни како Дејвид Бекам.


1. Жунињо (Бразил)
Може да се каже најдобар меѓу најдобрите. Слободните удари на Жунињо се компјутерски прецизни. Ревија од спектакуларни слободни удари подоле на видеото - во режија на Жунињо!
ВИДЕАТА ТУКА - http://sportdenes.com/izdvojuvam%D0%...dni-udari.html
 
сега за сега најдобри изведувачи на слободни се:Пирло ,Жунињо и Дел Пиеро
 
Еден од најдобрите изведувачи е дефинитивно Жунињо од Лион, но како што одат годините ,последнава сезона дали 2-3 гола има постигнато од слободен удар.
Потоа на листата според мене се :

Дел Пиеро
Роналдињо
Пирло
 
дел пјеро, пирло, кристијано роналдо, чави, лампард...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom