Шпанија има екипа која треба да владее со Европа во наредниот период ...Екипа која се правеше долго време, играа заедно во младинските категории, и имаат играчи од 3 генерации...Гасол е најдобар европски центар а и брат му за година-две ќе биде мноооогу опасен,Гарбахоза и Хименез се при крај на можностите и мислам дека ова ЕП во Полска ќе им биде последно...Калдерон,Наваро,Рубио,Фернандез е најјаката бековска линија несомнено...2 се во НБА, Рубио иако има 18 години игра како да има 28, а Наваро откако се врати во Европа игра како препороден и мислам дека е у животна форма...Проблемот со нив е што треба да имаат јак тренер кој ќе може да ги обедини и од сите звезди да направи екипа која заедно ќе дише...Тоа е доста тешко но е изводливо...На ЕП што се одржуваше кај нив изиграа под можностите но сепак победуваа ,се до финалето кога изиграа катастрофално...Имаат и јаки измени кои можат да решат утакмица со влегување од клупа...Па Фелипе Рејес во ниедна европска селекција не би бил замена а во Шпанија дели минути со некој како Фран Васкез...Мумбру,Кабезас,Лопез,Родригез, све се тоа искусни играчи кои цел живот играат Евролига и од кои може све да се очекува...Само ми е жал што не ги победија американците во финалето на ОИ иако изиграа феноменално....
Европските селекции како Франција,Италија,Германија се у страшен пад и од некогашни велесили сега се само просек...Велика Британија со Денг и Гордон се наметнува како изненадување ама мислам дека у земја без баскет-култура тешко да дојде до напредок така преку ноќ...
Ако се погледне историјата на европската кошарка ќе се види дека на Балканот секогаш се играла најдобрата кошарка...СФРЈ , нема потреба да споменувам што све освоила па дури и после распадот Хрватска успеала се до смртта на Дражен да остварува одлични резултати а после и владеењето на СРЈ со европската а богами и светската кошарка...
Некои ствари се сменија, Хрватска беше на дното а сега направи одлична селекција со искусен тренер во името на Репеша...Он пред недела-две даде отказ во Лотоматика за да може целосно да се посвети на репрезентацијата...
Србија најавува враќање на голема врата на чело со Ивковиќ и со младата генерација играчи....Сите претежно излезени од Партизан и од ФМП но сега со јаки кариери пред нив...На сите нив се очекува да им се придружат имиња како Ракочевиќ,Павловиќ,Миличиќ а за Пеџа не се знае...Екипа за респект секако, не може да се очекуваат резултати преку ноќ но имајќи ја предвид културата на кошарката во Србија, историјата и секако Дуда Ивковиќ , можам да кажам дека тоа ќе биде една од посолидните европски селекции...
Словенија исто така како дел од екс-ју екипите може да биде изненадување иако на претходните натпреварувања покажаа дека на нив треба многу озбилно да се смета...Имаат многу играчи во НБА, а и во Европа некои на Бечирович,Лакович, се лидери на своите екипи...Мислам дека Пипан им е тренер и доколку немаат проблеми со повреди тогаш сигурно ќе земат медал на ЕП...
Пандан на СФРЈ во историјата бил СССР...Распади , срања и све тоа допринеле да се изгуби осетот, но Русија се врати на голема врата со освојување на ЕП...Мислам дека тренерот им е најјакиот адут, добро платен стратег и ете ти пола работа завршена...Кириленко е водач на генерацијата а со Холден добија на сигурност ...Не треба многу да се збори за нив пошо направија бум во Шпанија ама сеа мислам дека се прочитана книга и дека нема многу да просперираат во наредните години...
Од СССР како втора велесила се јавува Литванија која има фантастична генерација...Сите претежно играат во Европа и добро се знаат , Шарас е на залез на кариера и мислам дека сега му се последните шанси за медал на големо натпреварување...Проблемот со нив е што економската криза удри по нивните најсилни клубови, Жалгирис и Лијетувос Ритас...Играчите на Жалгирис секојдневно го напуштаат клубот затоа што управата нема пари да им даде плата ...Тоа мене ме загрижува пошто кошарката таму е национален спорт и доколку се изгуби нема да биде фер спрема народот ....